Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2020

Весна Пешиќ на распит во полиција за твит за Вучиќ

0
 Познатиот српски социолог и поранешна политичарка, Весна Пешиќ, повикана е денеска на сослушување во полиција по налог на Вишото јавно обвинителство да истражи дали во нејзиниот пост на социјалната мрежа Твитер има елементи на кривично дело, изјавија од обвинителството.


Како што јави МИА од Белград, Пешиќ во свој твит објавен во саботата напишала: „Ајде бре да ве видам што ќе сторите кога ќе се прогласи за доживотен претседател. Додека твитерашите безгрижно твитаат. За тоа не размислувате. Ете го Путин баш тоа го прави. Ако Брнабиќ даде оставка да знаете-се подготвува доживотен Вучиќ. Е нема тука бојкот, само цевка во главата“.


И покрај тоа што Весна Пешиќ тврди дека мислела на себе, а не на претседателот на Србија, односно на самоубиство, а не на убиство, некои политички функционери, пред се од владеачката Српска напредна странка (СНС) и провладини медиуми и таблоиди проценија дека таа повикува на убиство на претседателот и побараа санкции. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера кажа дека нема да ја тужи Весна Пешиќ во приватна тужба во врска со твитот.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *