Косовско МНР: Нема да дозволиме Вучиќ да го посети Косово
Министерството за надворешни работи за порталот „Газета експрес“, потврди дека пред два дена Вучиќ поднел барање за посета на Косово со уште тројца соработници. Во делегацијата со Вучиќ се предвидувало да бидат и министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ и поранешниот директор на таа канцеларија, Марко Ѓуриќ.
Барањето за посета следи по откривањето на масовна гробница во Србија, за која постои сомнение дека во неа се тела на косовски Албанци убиени во конфликтот во 1999 година, наведува „Газета експрес“.
