Сопственикот на vaksajns.mk повикан на разговор во полиција
Поканет сум во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk. Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија за обично пренасочување кон сајтот на МЗ.
Ова на Фејсбук го објави Адил Бакиу од Скопје, сопственик на домејнот vaksajns.mk, кој беше регистриран во текот на вчерашниот ден и со негово отворање врската се пренасочуваше кон сајтот за пријавување за вакцина против ковид-19, vakcinacija.mk, што за таа намена го отвори Министерството за здравство.
Од Министерството за здравство велат дека официјалната веб страница за пријавување www.vakcinacija.mk не е хакирана, ниту пак некој извршил упад во неа, туку дека паралелно е направена нова веб страница. Тие денеска го пријавиле случајот во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи.
Вакцините нема да стигнат денеска, фали некој документ
Терминот „ваксајнс“, кој е искористен за домејн на пријавената веб страница, е англискиот изговор на премиерот Зоран Заев на терминот вакцини, што на социјалните мрежи се користи во иронична конотација.
На официјалната веб страна www.vakcinacija.mk од синоќа до денеска повеќе од 20.000 граѓани се пријавиле за вакцинација против ковид-19.