Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Апрель
2021

Иницијатива до Уставниот суд за 100% плата за заболените од ковид

0
Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) покрена иницијатива до Уставниот суд за утврдување на уставноста на точка 408 од Правилникот за професионални заболувања, односно признавање на ковид-19 како професионално заболување со цел секој работник да може да ги оствари своите права при евентуално заболување со вирусот. Здружението бара од Уставниот суд да ја поништи постоечката одредба и да донесе нова со која секој работник кој работи на место каде има зголемен ризик од заразување со ковид-19, да може да ги оствари своите уставно загарантираните права доколку се зарази со вирусот.


Во иницијативата до Уставниот суд, Здружението наведува дека професиите како полициски службеници, припадници на Армијата, вработени во детски градинки и во образованието, во домови за стари лица, службеници на шалтери и работници во малопродажба, се изоставени од оваа одредба со што се врши нивна дискриминација и им се оневозможува користење на нивните права како работници.



Истовремено, Здружението покрена и иницијатива за признавање на ковид-19 како несреќа на работа доколку некој се зарази на работното место. Укажува и дека работниците кои прележале ковид-19 потребно е по враќањето на работа, да се упатат на медицински прегледи за да се преоцени нивната работоспособност по болеста. Првата ваква иницијатива, МЗЗПР ја достави до Владата и надлежните институции на 14 мај лани. Досега, поддршка за иницијативата има од Конфедерацијата на слободни синдикати, Сојузот на синдикати на Македонија и здруженија на граѓани од областа на трудовото право.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *