Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2021

Германија ги укинува забраните за патување од пет земји

0
Германија ги укинува забранаите за патување од Велика Британија, Португалија, Русија, Индија и Непал.


Патниците кои примиле две дози од вакцините против Ковид-19, од 7 јули нема да мораат да одат во карантин откако ќе влезат во Германија. Додека, пак, оние кои не се вакцинирани ќе треба да поминат до десет дена во самоизолација, со можност да се скрати периодот на пет дена доколку се тестираат негативно.


Германските власти претходно ги назначија петте споменати земји како подрачја во кои се шират различните соеви на коронавирусот, вклучително делта и делта плус варијантите кои се откриени во Индија. 



Повеќе земји ги следат податоците за делта сојот, Англија ги укинува мерките


Иако забраната за влез во земјата не важеше за германските граѓани, тие мораа да поминат 14 дена во самоизолација.


Велика Британија, Португалија, Русија, Индија и Непал сега ќе бидат класифицирани како области со голема фреквенција на пренесување на инфекција, објави германскиот институт Роберт Кох.


Одлуката за ублажување на ограничувањата за патниците кои одат во Германија беше донесена неколку часа откако британскиот премиер Борис Џонсон потврди дека се очекува Лондон да ги укине сите епидемиолошки мерки на 19 јули.


Велика Британија се очекува да објави план за да можат вакцинираните Британци да се вратат без задолжителен карантин од земјите каде постои среден ризик од инфекција со коронавирусот, вклучително и голем број европски земји.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *