Американските разузнавачки агенции поделени за потеклото на корона вирусот
Американската разузнавачка заедница не успеа да ја реши жестоката дебата во администрацијата на американскиот претседател eо Бајден за тоа дали инцидентот во кинеската лабораторија е изворот на ковид 19, соопштија официјалните претставници во резимето на извештајот за потеклото на корона вирусот, пренесува Ројтерс.
Во извештајот се наведува дека останува недостижен одговорот на прашањето како точно настанал вирусот што уби 4,6 милиони луѓе ширум светот.
Извештајот беше издаден од Канцеларијата на директорот за национално разузнавање како одговор на барањето на претседателот Бајден за истрага за потеклото на коронавирусот.
„Критички информации за потеклото на оваа пандемија постојат во Народна Република Кина, но од почетокот владините службеници работеа за да ги спречат меѓународните истражители и членовите на здравствената заедница да пристапат до нив“, рече американскиот претседател Џо Бајден во изјавата по објавувањето на извештајот.
Извештајот, означен како строго доверлив, беше доставен оваа недела до Бајден, кој на разузнавачките служби им даде рок од 90 дена за да ги удвои напорите и да го објасни потеклото на пандемијата на коронавирусот.
Коронавирусот и животните: не се само лилјаците
Што се треба да знаете за ковид-19?
Според делови од извештајот, разузнавачките служби заклучиле дека коронавирусот, чие научно име е САРС-КоВ-2, не е развиен како биолошко оружје и оти веројатно не е генетски модифициран. Сепак, останува поделеност во ставот дали коронавирусот е предизвикан од природна изложеност или е резултат на „лабораториска несреќа“.
Бајден додаде дека Кина продолжува да ги отфрла повиците за транспарентност и крие информации, иако пандемијата на коронавирусот сè уште е присутна.
Кинеската Амбасада во Вашингтон веднаш реагираше и ги обвини Соединетите Држави за политичка манипулација.