Нови 978 случаи на ковид19, починале 24 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 7.452 тестирањe, а регистрирани се 978 нови случаи на КОВИД-19 . Најголем број новозаразени има во Скопје – 405, а потоа следуваат Тетово – 72 случаи, Струмица- 66, Куманово – 55, Гостивар – 48, Кичево – 40, Штип – 37, Струга – 31, Охрид – 28, Битола – 27, Прилеп – 25, Велес – 24, Кавадарци – 21, Дебар – 17, Радовиш – 13, Ресен и Пробиштип – по 8, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 7, Неготино – 6, Македонска Каменица – 5, Делчево и Виница – по 4, Гевгелија и Берово – по 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка , Валандово и Демир Хисар – по 1 случај.
Регистрирани сe 524 оздравени пациенти. Во изминатото деноноќие починале 24 лица. Шест починати лица се од Скопје, 4 починати лица од Тетово, 3 починати лица од Струмица, по 2 починати лица од Велес, Гостивар и Охрид и по едно починато лице од Куманово, Битола, Струга, Кочани и Дебар. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дневно над 1000 новозаразени, активни 13 697 ковид случаи
Досега во земјата се направени вкупно 1.145.081 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 174.667, бројката на оздравени пациенти е 154.698, на починати е 5.842, а бројот на активни случаи изнесува 14.127.