Бајден прогласи состојба на природна катастрофа поради пожарите
![Бајден прогласи состојба на природна катастрофа поради пожарите](https://gdb.rferl.org/357b82f7-03a5-4a03-84c5-d650408d4fe2_w800_h450.jpg)
Претседателот на САД Џо Бајден прогласи состојба на природна катастрофа поради шумските пожари во Калифорнија, соопшти Белата куќа.
Во соопштението објавено доцна синоќа, се наведува дека Бајден денеска ќе отпатува за Сакраменто за да изврши увид во штетата предизвикана од шумските пожари.
„Претседателот Џо Бајден изјави дека постои голема катастрофа во државата Калифорнија и нареди федерална помош за локалните напори за заздравување во областите погодени од пожарот „Калдор“, кој започна на 14 август 2021 година и се уште не е изгаснат“, се вели во соопштението.
Оваа сезона пожари во Калифорнија се регистрирани на повеќе од 6.800 локации, кои зафатија површина од околу 689.000 хектари.
Дали воопшто е возможна борба против климатските промени?
Екстремно високите температури и сувиот воздух помагаат за разгорување на огнот, а експертите тврдат дека тоа е последица на климатските промени.
Бајден минатата недела изјави дека од шумски пожари, урагани и поплави се погодени сите делови на САД и дека само ова лето се загрозени повеќе од 100 милиони Американци.
Американскиот претседател нареди дополнителни инвестиции за зајакнување на инфраструктурата и за борбата против глобалното затоплување.