Нови 183 случаи на заразени со ковид и 18 починати
![Нови 183 случаи на заразени со ковид и 18 починати](https://gdb.rferl.org/cd9a727b-e3a5-4984-bee7-80b927badaeb_w800_h450.jpg)
Во последните 24 часа регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 од направени 2.035 тестирања, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Во Скопје има 132 нови случаи, Куманово – 13, Кавадарци – 6, Прилеп, Струга и Крива Паланка – по 3, Тетово, Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 2, Гостивар, Штип, Кочани, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 531 оздравени пациенти.
Пријавени се 18 починати лица: 9 починати лица од Скопје (85г, 80г, 69г, 67г, 64г, 61г, 59г, 57г, 52г), 4 починати лица од Кавадарци (88г, 88г, 72г, 60г), по две починати лица од Тетово (81г и 48г) и Битола (81г, 79г), едно починато лице од Гостивар (78г).
Изгоре ковид-центарот во Тетово, потврдени 14 починати
Од пријавените 18 лица, 16 се починати во болнички услови, а две се починати во домашни услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 183.705 бројката на оздравени пациенти е 164.383, на починати е 6.277, а бројот на активни случаи изнесува 13.045.