Израелски брачен пар уапсен во Турција поради шпионажа
Израелски брачен пар бил уапсен доцна синоќа поради шпионажа, зашто ја фотографирал резиденцијата на претседателот на Турција во Истанбул, објави турската новинска агенција Анадолија.
Бил уапсен и еден турски државјанин.
Технологијата и Турција стојат зад воената победа на Азербејџан во Нагорно Карабах
Полицијата ги привела после дојава на вработен во радиотелевизиската кула Камлица во азискиот дел на Истанбул.
Тој рекол дека уапсените оваа недела го фотографирале блискиот дома на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган од ресторанот на кулата.
Тие се сомничат за „политичка и воена шпионажа“.
Министерот за надворешни работи на Израел Јаир Лапид негира дека брачниот пар работи за „израелска агенција“.
Лапид рече дека неговото министерство е во редовен контакт со уапсените Израелци и дека се обидува да организира нивни ослободување.
Израелскиот весник Харец објави дека се уапсени Натали и Морди Окнин и, според нивниот адвокат, ја фотографирале палатата Долмабахче од отоманско време додека се возеле со траект.
Делови од палатата, која се наоѓа на европската страна на Истанбул, се користи како работна канцеларија на претседателот на Турција.