Нови 285 заразени со ковид и вкупно осум починати
Во последните 24 часа регистрирани се 285 нови случаи на ковид-19 од направени 2.667 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Во Скопје има 110 нови случаи, Битола – 30, Прилеп – 24, Кочани – 20, Велес – 17, Куманово – 16, Тетово – 10, Кавадарци – 9, Гевгелија – 8, Неготино – 7, Ресен – 5, Штип, Охрид, Кичево и Свети Николе – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Богданци – 2, Струмица, Делчево, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.
Регистрирани сe 328 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (72г и 91г) и Велес (72г и 87г) и едно починато лице од Берово (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Петличковски - Ги оправдувам рестрикциите за невакцинирани
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 26.10.2021. Регистрирани се две починати лица од Скопје и едно од Кочани на возраст од 72-85г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 2 лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 209.277, бројот на оздравени пациенти е 193.400, на починати е 7.328, а бројот на активни случаи изнесува 8.549.