Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите
![Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите](https://gdb.rferl.org/b16f1cc6-b0db-42d2-be27-7165b8184cf0_w800_h450.jpg)
Во попладневните часови се зголемува процентот на излезност на гласањето на денешниот втор круг за градоначалник на Дебар.
Според Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија до 15 часот правото на глас го оствариле 29 отсто од вкупниот број запишани во единствениот избирачки список, што е за четири проценти повеќе од првиот изборен круг.
Во Дебар втор круг локални избори за градоначалник
„Од вкупно запишаните 19.211 гласачи правото го оствариле 5.561 граѓани или 29 отсто, што е четири процентни поени повеќе споредено со првиот круг. Тогаш до 15 часот правото на глас го остварија 4.784 или 25 отсто“, изјави Хаса за МИА.
Тој додаде дека досега се поднесени девет приговори за заштита на личното избирачко право и истите се прифатени.
Според него, членови на ОИК вршат редовно обиколки на избирачките места со цел увид во работата на избирачките одбори.
Вториот круг на локалните избори во Дебар се одржува денеска, затоа што пред две недели, кога се одржа вториот круг во земјава, во Дебар се прегласуваше на едно избирачко место во првиот круг.