Хелсиншкиот комитет бара јавна осуда за ширењето меѓуетничка омраза
ВМРО-ДПМНЕ негодува за скапата прослава на Рамковниот
„Најавата на водителката на македонски јазик, која беше исвиркана од страна на присутните, директно се коси со идејата за мултикултурен фестивал и предизвикува омраза меѓу етничките заедници во државата. Уште повеќе загрижува отсуството на осуда од страна на Владата, кое дополнително влијае на поларизацијата во општеството“, се наведува во соопштението од Хелсиншки комитет во кое се додава дека етничката припадност години наназад доминира како најчест основ за говорот и делата од омраза, а најбројни извршители и жртви се младите луѓе. Од Хелсиншки комитет посочуваат дека политичарите не смеат да го нормализираат говорот на омраза, затоа што така и самите придонесуваат во потхранување на атмосферата на поделби, тензии и дестабилизација.
