Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Август
2022

Французин уапсен во Бугарија - возел жена, деца, две кучиња и 100 килограми хероин

0
Над 100 килограми хероин се откриени при контрола на автомобил на бугарскиот граничен премин „Капитан Андреево“ со Турција, соопшти прес-центарот на Царинската агенција.


Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова се случило пред два дена, кога на бугарско-турската граница пристигнал автомобил со француска регистрација, кој од Турција преку Бугарија доаѓал до Франција.



Три македонски банди го држат црниот пазар со дрога


Во автомобилот што го управувал францускиот државјанин патувале неговата сопруга и нивните две малолетни деца, како и нивните миленици – две кучиња.


Според методот на „анализа на ризик“, автомобилот е утврден на темелен царински преглед. Вкупно 209 пакувања, завиткани во фолија и во кои има прашкаста материја беж, се пронајдени во специјално изградени скривалишта, во подот на автомобилот, достапни по демонтирање на седиштата, како и на местото на резервната гума. Вкупната количина на запленетата дрога е 104.940 килограми, вредна 4,9 милиони евра.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *