Вучиќ најави свое обраќање до КФОР
Командантот на КФОР предупреди дека нема да дозволи поставување барикади во северно Косово
Командантот на КФОР Ференц Кајари претходно изјави дека ситуацијата на северот на Косово е смирена и дека меѓународните сили повеќе нема да дозволуваат поставување блокади на патиштата. Вучиќ појасни дека писмото ќе го испрати до КФОР по претстојните разговори со претставникот на Европската унија за дијалог Мирослав Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, кои денеска ќе допатуваат во Белград. Вучиќ додаде дека Србија различно ја толкува улогата на КФОР и НАТО. Тој оцени и дека кризата не може да се реши така, туку со политички разговори.
Ескобар очекува конкретен предлог од Србија и Косово
Ескобар и Лајчак, вчера во Приштина соопштија дека сакаат да спречат ескалација на ситуацијата на први септември за кога Владата на Косово го одложи спроведувањето на своите одлуки за пререгистрација на возила со таблички RKS и издавање документи за влез/излез на српските граѓани, откако локалните Срби на север се побунија и поставија блокади на патиштата.
