Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2022

БЕГ тврдат дека уште не ги добиле субвенциите за парното, а сметките се високи поради истечена одлука

0
БЕГ тврдат дека уште не ги добиле  субвенциите за парното, а сметките се високи поради истечена одлука

Сè уште не е исплатена субвенцијата за парно од 100 милиони денари, за февруари, март и април 2022 година што согласно Одлуката на Владата беше пресметана во фактурите, соопштија од БЕГ.

Ова следи по денешната изјава на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски, дека високите августовски сметки за парно што ги добија скопјани се должат на тоа што не е пресметана владината субвениција, па затоа побара од БЕГ нивно сторнирање.

Скопјани добија превисоки сметки за парно од БЕГ, РКЕ бара нивно сторнирање

Од БЕГ пак додаваат дека снабдување со топлинска енергија за грејната сезона 2022/2023 се фактурира согласно последната Одлука донесена од страна на Регулаторна комисија за енергетика донесена на 29.07.2022 година.

„Воедно Ве информираме дека Одлуката на Владата за субвенционирање е истечена на ден 30.04.2022 година, односно не постои правен основ за аплицирање на субвенции во авансните августовски фактури до потрошувачите“, велат од БЕГ од каде додаваат дека пракса на компанијата е фактурите во месеците кога нема парно да се доставуваат до потрошувачите на крајот од тековниот месец.

ЕСМ формираше три фирми кои треба да се јават на тендерот за парно во Скопје

Бислимовски пак денеска на прес-конференција посочи дека РКЕ бара БЕГ да ги сторнира сите сметки коишто се испратени до потрошувачите и да се изготват нови сметки во коишто ќе биде вкалкулирана субвенцијата која што ја добиваат граѓаните од страна на Владата. За оние граѓани кои веќе ги платиле сметките рече дека ќе им биде вратена разликата во сумата во наредните сметки без разлика дали дејноста ќе ја врши БЕГ или некоја друга компанија.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *