Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2022

Пакистан пренасочува огромно езеро за да ги заштити населените области

0
Пакистан пренасочува огромно езеро за да ги заштити населените области

Пакистанските власти го пренасочија најголемото слатководно езеро во земјата, акција во која ќе бидат преселени до 100.000 луѓе од нивните домови, но може да ги спаси погусто населените области од надојдените води. Министерот за наводнување на провинцијата Синд, Џам Кан Шоро рече дека езерото Манчар веќе достигна опасно ниво, зголемувајќи ја заканата за околните области во јужниот регион. Тој процени дека околу 100.000 луѓе би можеле да бидат погодени од пробивањето на езерото, кое се користи за складирање на вода, но додаде дека овој потег ќе помогне да се спасат повеќе населени области, а исто така да се намали нивото на водата во други, потешко погодени региони.

Предупредување за нови поплави во Пакистан, загинати 1300 лица

Пакистан предупреди дека нови поплави би можеле да ја погодат областа околу езерото Манчар, кое продолжува да истекува од монсунските дождови што ја зафатија земјата од јуни. Езерото Манчар е најголемото природно слатководно езеро во Пакистан и меѓу најголемите во Азија.

На Пакистан ќе му требаат повеќе од 10 милијарди долари за санирање на штетите од поплавите

Официјални лица на 4 септември соопштија дека бројот на загинати од поплавите надмина 1.300. Немилосрдните монсунски дождови и топењето на глечерите во северните планини донесоа поплави кои погодија 33 милиони луѓе.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *