Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2022

Нови 34 случаи на Ковид 19 и 264 оздравени пациенти

0
Нови 34 случаи на Ковид 19 и 264 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се регистрирани се 34 случаи на Ковид -19, од направени 223 тестови. Оздравени се 264 пациенти, а активни се вкупно 1032 случаи на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

Од новите случаи, 26 се регистрирани во Скопје, Битола и Прилеп по двајца, Куманово, Охрид, Неготино и Свети Николе по еден. Од нив кај осум лица се работи за реинфекции.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се три починати лица од Скопје, Крушево и Дебар, на возраст од 79-89 години. Од нив две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови. Пријавените се починати во период од 10 до 29 август оваа година.

Поради вонредните услови ДКСК не може да утврди корупција при јавните набавки во пандемијата

Досега во земјата се направени вкупно 2.156.878 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.404, бројот на оздравени пациенти е 330.866, на починати е 9.506.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *