Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2022

Бектеши: Маржата за трговија со струја ограничена на 10 проценти

0
Бектеши: Маржата за трговија со струја ограничена на 10 проценти

Министерството за економија ја одреди највисоката трговска маржа на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на пазарот со електрична енергија на големо и на мало во висина најмногу до 10 проценти, како нова мерка за полесно справување со енергетската криза.

Министерот за економија Крешник Брктеши на денешната конференција појасни дека ваквата одлука следи откако е утврдено дека одредени компании и јавни институции, средни и основни училишта немаат склучено никаков договор за снабдување со електрична енергија и купуваат електрична енергија од снабдувач во краен случај.

Како што истакна министерот, ЕВН непотребно прават трошоци и штета на сметка на буџетот на институциите со кои раководат и плаќаат многу поскапа цена на електрична енергија која се премсетува според Регионалната унгарската берза ХУПЕКС.

„Затоа ние како Влада одлучивме да донесеме вакви измени, а дополнително ќе побараме извештаи кон почетокот на октомври за тоа колку се штеди електрична енегија и од овие институции и тоа дали ги склучиле соодветно договорите, се со цел да придонесат во ублажување на енергетската криза, а дополнително да не го трошат неодговорно буџетот на граѓаните“, изјави Бектеши.

Калориметри-добри за граѓаните, а непосакувани за дистрибутерите на топлинска енергија

Согласно одлуката од Влада новата маржа треба да започне да се применува пред отпочнување на грејната сезона и да важи до 15 април 2023 година.

Министерот информира дека дополнително е донесена и препорака која веќе се применува од регулаторната комисија за енергетика и со која се намалува маржата која што ја пресметува крајниот снабдувач за субјектите кои немаат склучено договор со снабдувач.

„Регулаторната комисија за енергетика направи измена на Правилникот за снабдување со електрична енергија во краен случај каде што е намалена маржата која ја пресметува крајниот снабдувач од 50 проценти на 20 проценти“, истакна Бектеши.

ЕТМТ Енерџи најголем купувач на вишок струја од ЕСМ

Според одлуката на Владата пазарот на електрична енергија на големо вклучува пазар со билатерални договори, организиран пазар и тоа пазар ден однапред и пазар во тековниот ден, и пазар на балансна енергија.

Бектеши исто така, најави дека Министерството ја разгледува опцијата за склучување договор со Србија според кој двете држави ќе можат взаемно да отстапуваат одредени количини на електрична енергија.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *