Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2022

Во новиот пакет санкции против Русија, ЕУ предвидува изземање за Западен Балкан

0
Во новиот пакет санкции против Русија, ЕУ предвидува изземање за Западен Балкан

Како дел од новиот пакет санкции против Русија, министрите за енергетика на Европската унија најверојатно ќе одобрат мерка со која земјите од Западен Балкан се ослободуваат од ограничувањата на руската сурова нафта, која има за цел евентуално да го избегне заобиколувањето на санкциите. „За да се заштити енергетската безбедност на Западен Балкан, неопходно е да се предвиди отстапување што ќе овозможи транзит на руска сурова нафта преку гасоводот низ Хрватска, под услов таквиот транзит да остане во границите на просечните нивоа на транзит од претходните години со цел да се избегне заобиколување санкции“, се наведува во текстот на предлогот за нови мерки во кои Радио Слободна Европа имаше увид.

Западот подготвува нови санкции врз Русија поради ескалација на војната

Оваа одредба се однесува на оние земји од регионот, кои немаат излез на море и кои увезуваат сурова нафта преку Хрватска. Министрите за енергетика денеска на вонредна средба што разговараат и одлучуваат за мерките и новиот пакет санкции. Мерките главно се однесуваат на определување на границите на цената на нафтата и ќе се донесе одлука за забрана на транспортот на нафта чија цена ја надминува договорената гранична цена што Унијата треба да ја одреди. При усвојувањето на петтиот пакет санкции против Русија, во април оваа година, ЕУ на сличен начин ја иззема Србија, што овозможи да продолжи непреченото снабдување со нафта на домашниот пазар преку Јадранскиот гасовод. Министрите за енергетика на ЕУ денеска решаваат и за вонредни мерки поврзани со дополнителните пари на енергетските компании и ќе разговараат за ограничување на цените на бензинот.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *