Регистрирани 72 ковид позитивни во изминативе три дена
Во изминативе три дена регистрирани се 72 позитивни на ковид-19, од вкупно 871 направен тест, информира Министерството за здравство.
Најголемиот дел од новите случаи односно 60 се во Скопје. Од вкупниот број позитивни, 18 се реинфекции. Регистрирани се и 161 оздравен пациент.
Во изминатите три дена не се пријавени починати лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се четири починати, во периодот од 14 септември до 6 октомври 2022.
Вознемиреност, страв, фрустрации - кризата зема данок врз здравјето
Тројца се од Скопје, на возраст од 96, 80 и 73 години, и еден од Кавадарци на 58-годишна возраст. Тројца починале во домашни и едно лице во болнички услови.
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата досега изнесува 343 391 од направени 2 174 086 тестирања. Оздравеле 333 504, починале 9548 луѓе, а активни се 339 случаи.