Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июнь
2023

Русија изведува тактички вежби на борбени авиони над Балтикот

0
Министерството за одбрана на Русија во вторникот рано наутро соопшти дека изведува тактички вежби на борбени авиони над Балтичкото Море со главна цел тестирање на подготвеноста за извршување на борбени и специјални задачи.


Екипажите на Су-27 (борбени авиони) на балтичката флота гаѓале крстосувачки ракети и лажни непријателски авиони, соопшти Министерството, јавуваат агенциите.


Главната цел на вежбата е да се провери подготвеноста на летачкиот екипаж за извршување на борбени и специјални задачи според нивната намена.


Министерството соопшти дека, покрај усовршувањето на вештините, екипажите на борбени авиони се на 24-часовна борбена должност и го чуваат воздушниот простор на руската ексклава Калининград.




Русија еден ден претходно објави дека два руски борбени авиони Су-27 пресретнале три британски воени авиони кои се движеле над Црното Море кон руската граница.


Руското Министерство за одбрана тврди дека пресретнатиот авион бил авион за извидување и електронско војување RC-135, a другите два биле борбени авиони Тајфун.


Кога руските ловци им се приближиле, странските воени авиони се оддалечиле од руската државна граница, соопшти руското министерство. Британските власти не го коментираа ова тврдење.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *