Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Пожарот во Трубарево е локализиран, но поради загадувањето, препорака за локалните жители да се евакуираат

0
Пожарот во Трубарево е под целосна контрола, информира изутрината на 14.09, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
„Нема активно горење но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостанува да се дозатрупа уште дел од опожарената површина“, вели Ангелов. Тој, изутрината објави и видео од местото на пожарот.


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција што се одржа доцна вечерта (на 13.09.) пред зградата на Министерството за внатрешни работи, информираше дека пожарот во скопско Трубарево избил во објект во кој биле складирани поголеми количини електронски и пластичен отпад.
По одржаниот состанок на Комитетот за управување со кризи, Тошковски рече дека карактеристично за ваквите пожари е што складираните батерии при согорувањето создаваат екстремно висока температура и го прават гаснењето на огнот исклучително тешко и ризично.
„Пожарот беше локализиран, односно нема опасност од негово проширување надвор од објектот, но, и натаму е активен и гаснењето е во тек“, изјави Тошковски.
Тошковски кажа дека на местото излегла и екипа на Дирекцијата за радијациона сигурност која констатирала дека нема радијациско зрачење.
Специјализирана единица на Министерството за одбрана извршила мерење на квалитетот на воздухот.
„Констатирано е дека во непосредна близина на пожарот има висока концентрација на штетни супстанци. На околу 200 метри од центарот на пожарот загаденоста е ниска, додека мерењата од оваа специјализирана единица на Министерството за одбрана, на 400 метри од изворот на пожарот не е евидентираа присуство на загадување“, изјави Тошковски.
Складираните батерии, особено литиум јонските, како и разни метали и хемикалии, создаваат екстремно високи температури при согорувањето и го прават гаснењето исклучително тешко и ризично. Во гаснењето била применета метода препорачана за ваков вид пожари, односно гасење со ситна песок.
За да се минимализира опасноста по здравјето на граѓаните што живеет во непосредна близина на пожарот, Министерството директно им посочило да ги напуштат своите домови и им понудило привремено сместување.
Министерот информираше дека во врска со пожарот се вршат разговори со три лица што се сопственици или управители на опожарениот објект за да се утврдат околностите и причините за избувнувањето на пожарот.
Нема повредени или хоспитализирани
Досега нема ниеден хоспитализиран пациент како последица од пожарот во складиште за рециклирање електронски и пластичен отпад во Трубарево, изјави на истата прес конференција, министерот за здравство Азир Алиу. Министерот посочи на препораките соопштени од Министерството за здравство, за заштита и превенција кои се однесуваат на лица над 65 години, деца и бремени жени.
Инаку, пожарот избувна денеска околу 13:30 часот во објект на фирмата „Ф-Групација“ во скопско Трубарево, на територија на Општина Гази Баба. Надлежните информираа дека во гаснењето биле вклучени сите расположливи институции и средства.
Ангелов: станува збор за хибриден напад
„Ова што сега се случува, ова е мој личен став, бидејќи од 1991 година сум во безбедносниот систем на државата, е последица на тоа дека ние сме цел на хибриден напад.
Истовремено сме нападнати со повеќе пожари. Ќе ве потсетам дека денеска изби пожарот во една семенара, каде исто така имало пластичен отпад, можеби имало и гајби и истовремено се појави и овој пожар во Трубарево. Кажете ми колкава е можноста за два истовремени сериозни пожари додека ние ја затрупуваме Дрисла и се уште работиме во Вардариште – изјави на вонредната прес конференција директорот Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Што се однесува до Вардариште, Ангелов додаде:
„Почетниот пожар е од палење кабли, а неофицијално имам информации дека на тие што палеле кабли им се дадени пари за вечерта да запалат пожар, а потоа истото да го направат и другиот ден. За пари“, изјави Ангелов.
Меџити - се вршат мерења на квалитетот на воздухот
Вицепремиерот и Министер за животна средина Изет Меџити ноќеска го посетил местото на пожарот во Трубарево, при што, во видео порака соопшти дека Министерството за животна средина, противпожарните екипи и другите институции – интервенирале навреме и ситуацијата во моментов е под контрола.
„Инспекторите се на терен и вршат мерења на квалитетот на воздухот. Првите резултати од Државниот инспекторат и од специјализираните лаборатории се очекуваат многу наскоро. Тие ќе бидат јавно достапни веднаш по нивната обработка. Дотогаш, ве повикувам сите да ги почитувате препораките на Министерството за заштита на вашето здравје и безбедност„, изјави Меџити.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *