Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Израел го „запали“ градот Газа, откако Рубио рече дека има уште малку време за договор

0

Израел започна ново масовно бомбардирање на градот Газа, откако американскиот државен секретар Марко Рубио, кој беше во посета, ја поддржа целта на сојузникот за искоренување на Хамас и предупреди дека можеби остануваат само неколку дена за дипломатско решение.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска (16 септември)изјави дека градот Газа-главниот урбан центар на територијата, е „во пламен“.

„Нема да попуштиме и нема да се повлечеме додека мисијата не се заврши“, рече Кац.

Сведоци за АФП зборуваат за тешко, немилосрдно бомбардирање на градот Газа, од кое голем дел е веќе во урнатини по речиси две години израелско бомбардирање од нападите на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Рубио во понеделникот понуди силна поддршка за офанзивата за време на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој побара од израелската војска да ја освои Газа.

Укажувајќи на новите операции, пред заминувањето од Израел, Рубио на новинарите им изјави:

„Мислиме дека имаме многу краток временски период во кој може да се постигне договор. Немаме повеќе месеци, а веројатно имаме денови, а можеби и неколку недели“.

Рубио рече дека дипломатско решение во кое Хамас ќе се демилитаризира останува преференција на САД, но додаде:

„Понекогаш кога се работи со група дивјаци како Хамас, тоа не е можно, но се надеваме дека може да се случи“.

Рубио, се сретна и со семејствата на заложниците во Газа и призна дека Хамас има влијание, преку тоа што се уште ги држи.

„Доколку немаше заложници и цивили на патот, оваа војна ќе завршеше пред година и пол“, рече тој на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив.

Група што ги претставува семејствата на заложниците изјави дека се „преплашени“ за своите најблиски откако Нетанјаху нареди напади.

„Тој прави сè за да се осигури да нема договор и да не ги врати заложниците“, се вели во соопштението на групата.

Рубио леташе за Катар, за кој рече дека се надева дека ќе продолжи со посредништвото, и покрај тоа што Израел изврши воздушни напади пред една недела во земјата од Персискиот Залив против лидерите на Хамас собрани да го разгледаат предлогот за примирје од САД.

„Сакаме да знаат дека ако има некоја земја во светот што може да помогне да се заврши ова преку преговори, тоа е Катар“, рече Рубио.

Претседателот Доналд Трамп рече дека Нетанјаху нема повторно да го напаѓа Катар, иако и Рубио и Нетанјаху одбија да дадат слични гаранции.

Европските сили, но не и САД, безуспешно го повикаа Израел да ја запре новата кампања во Газа, предупредувајќи за влошување на хуманитарната криза на територијата, каде што Обединетите Нации минатиот месец утврдија дека милион луѓе се соочуваат со глад - заклучок што го отфрли Израел.















Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *