Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Протест во Тирана за поддршка на поранешните водачи ОВК на кои им се суди во Хаг

0

Илјадници луѓе, главно од Косово, се собраа во центарот на албанската престолнина Тирана за поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) на кои им се суди за воени злосторства во судот во Хаг.

Собирот на плоштадот „Скендербег“ во Тирана започна со албанската химна и скандирања „ОВК, ОВК“, а заврши околу еден час подоцна со скандирања „Слобода на ослободителите“.

Протестот, свикан од групи што произлегоа од војната на ОВК, имаше за цел да изрази незадоволство од судењата на нејзините поранешни команданти: Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, во Специјализираните судски совети за Косово во Хаг.

Судењето на Тачи, Весели, Красничи и Селими започна во 2023 година и се ближи кон крајот.
Сите тие ги негираат обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото пред и за време на војната 1998-1999 година.

„Се собравме тука за да го кренеме нашиот глас за правда и да ја одбраниме ОВК“, рече претседателот на Организацијата на воени ветерани на ОВК, Хисни Гуцати.
Поранешниот албански претседател Алфред Мојсиу и лидерот на Демократската унија за интеграција од Северна Македонија, Али Ахмети, учествуваа на протестот и одржаа говори.

Специјалниот суд за Косово се наоѓа во Хаг ( Холандија) и е составен од меѓународни судии и адвокати. Тој беше основан од страна на косовското собрание во 2015 година за да суди случаи против поранешни членови на ОВК според косовските закони.

Протестот беше поддржан и од албанската влада, која одлучи да ја укине патарината на автопатот од Тирана до границата со Косово за 24 часа, од 17 до 18 октомври.

Неколку косовски општини, вклучувајќи ги и најголемите како Приштина и Призрен, обезбедија бесплатен автобуски превоз до Тирана за косовските граѓани.

Според некои извештаи, во протестот учествувале и Албанци од Северна Македонија, Црна Гора и Прешевската долина.

Сепак, протестот предизвика и судир меѓу албанскиот премиер Еди Рама и движењето „Самоопределување“ на сегашниот косовски премиер Албин Курти.

„Самоопределување“ пред митингот соопшти дека го поддржува протестот, но ги критикуваше оние за кои рече дека го поддржале формирањето на судот во 2015 година, наведувајќи го Рама како пример.
Рама одговори на мрежата „Икс“, наведувајќи дека не е во трка со „Самоопределување“ и дека жали што партијата „ги меша институционалните односи на Косово и Албанија со општинските избори“, осврнувајќи се на локалните избори во Косово каде треба да се одржи втор круг гласање.















Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *