Тројца загинати и 13 повредени во експлозија во Букурешт
Најмалку три лица загинаа, а 13 се повредени во експлозија во станбена зграда во романската престолнина Букурешт, објави романскиот сервис на Радио Слободна Европа.
Градоначалникот на Букурешт, Стелијан Бујдувеану, изјави дека експлозијата најверојатно е предизвикана од истекување на гас.
Поради силата на експлозијата, подовите на два ката од седумкатната зграда се урнаа, а прозорците на блиската училишна зграда беа скршени.
Во тек е потрага по луѓе кои веројатно се заробени под урнатините.