Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2025
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Гласаат затворениците, болните и немоќните

0

На ден пред изборите, гласаат 2162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Според информациите од Државната изборна комисија, од утрово гласањето тече мирно и непречено.

Според Избирачкиот список, во казнено – поправните домови, денеска треба да гласаат 2162 затвореници од кои во КПД Идризово 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот затвор 237, во прилепскиот 119…

Во своите домови ќе гласаат и лица кои се пријавиле за гласање, а се во куќен притвор.

Членови на избирачките одбори денеска во нивните домови треба да посетат 8851 болни и немоќни лица кои побарале и им било прифатено да гласаат.

До Државната изборна комисија пристигнале 9217 пријави за гласање на болни и немоќни лица, од кои 8851 биле прифатени.

Во старските домови ќе гласаат 442 возрасни лица, наместо 450 лица. Бројката се намали за осум лица откако Министерството за социјална политика, демографија и млади, како што соопшти ДИК на седница пред неколку дена, извести дека старскиот дом Арија е затворен.

Во земјава утре ќе се одржат осмите локални избори од независноста на државата. Ќе се гласа на 3474 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.

Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112.000 кои се на привремена работа или со престој во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица.

Кампањата за овие локални избори траеше 20 дена – започна на 29 септември, а заврши на полноќ на 17 октомври кога настапи и изборен молк.

Право на глас на локалните избори имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803 во земјата додека останатите 112 илјади се запишани во посебниот Избирачки список со лица кои се иселени од државата.

Гласање во дијаспората за локалните избори нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас.

Изборите ќе ги следат 1.462 набљудувачи од кои 808 домашни, а 664 странски.

Во првиот круг треба да бидат избрани новите состави на општинските совети, додека за градоначалник ќе се смета дека е избран оној кој освоил 50 отсто плус еден глас под услов на гласање да излегле барем една третина од гласачите запишани во Избирачкиот список во конкретната општина.

Според правилата, ако ниту еден од кандидатите не го исполни потребниот услов, се одржува и втор круг во кој граѓаните бираат меѓу двајца кандидати кои освоиле најголем број гласови.

Вториот круг е закажан за 2 ноември.

Претстојните ќе бидат осми по ред локални избори од осамостојувањето на државата во 1991 година.

Гласањето утре ќе започне во 7:00, а ќе заврши во 19:00 часот.

Изборната кампања за Локалните избори 2025 заврши синоќа на полноќ кога почна молкот пред гласањето в недела на 19 октомври.

Правилата за изборен молк важат до 19 октомври во 19 часот.

Од синоќа на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека за време на молкот, престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања.















Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *