Како креативно решение, Сиљановска Давкова предложи нов протокол за одблокирање на евроинтеграциите, што за дел од аналитичарите е добра опција, но треба да е прифатлива и за Скопје и за Софија. Власта, пак, не коментира дали се разгледува оваа опција, додека опозицијата критикува дека се бараат изговори да не продолжи по европскиот пат.