Прекината е седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, по претставката од родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“. Продолжението на седницата, на кое се очекува усвојување на заклучоци, дополнително ќе биде закажано. Родителите побараа случајот да се разгледува како повреда на човековите права, како брза и темелна истрага. ВМРО-ДПМНЕ бараше изземање на претседателот на комисијата, Димитар Апасиев, но тој одби.