Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ вели дека проверката на анкетните листови не ги опфаќа сите функционери, а тоа се забелешки и во европскиот извештај и на ГРЕКО кои бараат да се прошири нивниот опсег. Побарани се законски измени со цел зајакнати механизми за проверка и санкции за непријавувачите.