Во Руската православна црква во Вашингтон, црковните водачи велат дека забележале значително зголемување на посетеноста од новодојденци. Многу од новите и потенцијалните преобратници немаат почетни семејни врски со православното христијанство и ја откриле верата преку пријатели или канали на социјалните медиуми. Иако православните христијани сочинуваат само 1 процент од населението на САД, no, расте интересот за парохиите низ целата земја, особено кај младите мажи.