Артан Груби е уапсен на Блаце при влез од Косово. Ексвицепремиерот е осомничен за проневера тешка осум милиони евра во Државна лотарија. Јавното обвинителство предложи притворот да му се замени со куќен притвор, поради индиции дека му е загрозена личната безбедност и безбедноста на неговото семејство. Кривичниот суд го прифати предлогот, дополнително со 24-часовен надзор што ќе го спроведува МВР.