Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Март
2026
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Раните од Кочани не се затвораат

0

16 март 2025, 2 часот и 32 минути. Датумот и времето кои засекогаш го променија Кочани, град во источниот дел на Северна Македонија, каде се случи најголемата трагедија што ја памети државата во поновата историја, кога во пожар во дискотеката „Пулс“ згаснаа 63 животи, а над 200 лица беа повредени.

На истото место и во истото време, една година по трагедијата, семејствата на загинатите и нивни пријатели застанаа во тишина и со една минута молк им оддадоа почит на загинатите. Имињата не секој од нив беа испишани на бели срциња пред оградата кај поранешната дискотека.

Солзите и болката на најблиските не беа помали ниту на настанот што утрото на 16 март се организираше во Паркот на револуцијата во Кочани. На настанот што го организираа Општината и родителите на загинатите, беа поставени 63 бели столчиња.

„63 бели столчиња, 63 имиња, 63 животи што недостигаат – секое столче ја носи тишината на едно отсутно присуство, бела роза за спомен, светлина за сеќавање и место што никогаш нема да биде исполнето“, беше пораката што ги пречека присутните во кочанскиот парк.

Во градот се одржа и комеморативен настан во Домот на културата „Бели мугри“.

„Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку стануваат подлабоки и пострашни“, беше една од пораките што можеа да се слушнат.

Многу од повредените, според лекарите во кочанската болница и натаму долго ќе се лекуваат и допрва треба да поминат низ нови хируршки интервенции.

Ова се дел од низата настани со кои и во текот на изминатиот викенд се одбележува една година од трагедијата за која и семејствата, но и целокупната македонска јавност, очекуваат правна разрешница и одговорност.

Што се смени?Во барањето правда изминатата година, родителите на жртвите беа најгласни. Секоја сабота организираа „Марш на ангелите“ низ улиците во Кочани, а неколку пати собири беа организирани и во Скопје.

Веднаш по трагедијата беа направени контроли во клубови и кафулиња, десетици локали беа затворени, но системски промени допрва треба да се случат.

Една од нив е во издавањето лиценци за ноќни клубови и други угостителски објекти, што е под надлежност на Министерството за економија и труд. Министерот Бесар Дурими во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) посочи дека ќе се менува законот во делот каде „странката сама, своерачно со една изјава известува (по институциите) дека ги исполнува минималните технички услови“. На оваа тема тој рече дека веќе имале состанок со сите угостители.

„Ги известивме за сите овие промени што ќе ги направиме во законот. Значи, прво ќе треба да биде поднесено барање до Државен пазарен инспекторат. После известувањето, ќе треба инспекторите да излезат на терен, да проверат, со записник да направат слики дали стварно странката ги исполнува минималните технички услови“, рече Дурмиши.

Дополнително, процедурите треба да се сменат и во однос на тоа што секоја странка ќе треба да се обрати и до општината за Министерството за економија и труд да добие известување дали објектот е легализиран, дали има дозвола за градба итн.

„Пулс“ како дискотека работеше на диво, не ги исполнуваше техничките услови. Пожарот кој избувна критичната ноќ за време на концерт на групата ДНК, настана откако биле активирани три пиротехнички средства кои биле насочени кон плафонот кој бил обложен со полиуретански сунѓер. Паниката и тесниот излез од објектот дополнително предизвикаа и стампедо.

„Катастрофата што се случи во дискотеката ’Пулс‘ во Кочани не настана само од пропусти на една човечка рака … Овој настан не е несреќа или случајна игра на судбината. Се работи за цел сплет и низа на надоврзани пропусти, синџир од замижувања“, беа дел од воведните зборови што ги кажа кочанскиот обвинител Борче Јанев на 19 ноември 2025.

Судски процеси во текНа тој датум стартуваше судскиот процес во кој на обвинителна клупа седнаа 35 лица. Со обвинението опфатени се и три фирми.

Вкупниот број на обвинети во судскиот процес е 35 лица и три фирми. Меѓу нив газдата и лица од сопственичката структура на дискотеката, поранешни министри за економија, бивши градоначалници на Кочани, инспектори и други службеници.

На сите ќе им се суди за исто кривично дело – „предизвикување на тешки дела против општата сигурност“.

Додека обвинителството е убедено дека ќе ја докаже вината, дел од стручната јавноста изминатиот период беше скептична дека вака конципираниот обвинителен акт ќе донесе правда.

„Освен формалните предизвици, постојат и материјални прашања кои придонесуваат кон комплексноста и специфичноста на овој случај. Така на пример, обвинението ги товари сите обвинети за едно исто кривично дело, иако нивните улоги, дејствија, како и временски период во кој тие се случиле се драстично различни“, анализираше за РСЕ, Дарко Аврамовски од невладината организација „Коалиција – Сите за правично судење“.

Ваквата поставеност, според него, „ја отежнува индивидуализацијата на одговорноста и јасното утврдување на причинско-последичната врска за секое лице поединечно“ и тоа дополнително ќе влијае на ефикасноста и правичноста на процесот.

Судскиот процес е во тек, неделно во просек се одржуваат по две рочишта, а моменталната фаза во која се наоѓа е сослушување на сведоци предложени од обвинителството.

Покрај овој, на почетокот на март, започнаа и два судски процес против полицајци за нивните (не)постапувања. Исто така, изминатите месеци беше спроведена и акција во која како осомничени беа приведени и инспектори од Управата за јавни приходи.















Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *