Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2016

Половина од Русите сметаат дека војна со НАТО е реална закана

0

43% од Русите сметаат дека веројатноста за таква војна е повисока отколку во 70-тите. Двојно помалку има од оние кои велат дека во моментов веројатноста за војна е помала (21%), пренесува „Взгљад“.

6% од Русите претпоставуваат дека веројатноста за војна со НАТО денеска е помала од пред неколку години, а секој четврти (26%) смета дека во овој поглед ништо не е сменето.

65% сметаат дека политиката на Русија во последно време придонесува за намалување на ризикот од голема војна со земјите-членки на НАТО, а 19% се неопределени.

Путин: Немаме намера да нападнеме никого, тоа е глупаво и бесмислено

Според испитаниците, руските медиуми кои покриваат меѓународни настани, повеќе претеруваат (19%) отколку што ја  минимизираат (7%) заканата од голема војна меѓу земјите-членки на НАТО и Русија.

78% сметаат дека е неприфатливо Русија прва да примени нуклеарно оружје .

Истражувањето беше спроведено на 29-30 октомври меѓу 1000 испитаници во 480 населени места на Русија.

Рускиот претседател претходно изјави дека „Русија нема намера да напаѓа никого,... тоа е незамисливо просто, глупаво и нереално“. 















Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *