Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2016

Путин раскажа што ќе прави по завршувањето на политичката кариера

0

Во понеделникот во Чељабинск Путин го посети погонот на фабриката „Етерно“ – заедничко претпријатие на локалната фабрика за цевки и „Роснано“.

Вработен во фабрика рече дека сака да изгради успешна кариера и праша за што мечтае претседателот. „Сакам успешно да ја завршам својата кариера“, одговори Путин и се насмеа.

Хобијата на руските политичари

Президент раскажа дека многу сака да патува. „А денес сите мои патувања се сведуваат на пристигање на аеродром, потоа од аеродром се префрлам во некоја просторија, потоа назад на аеродром. Навистина би сакал да отпатувам некаде“, изјави шефот на руската држава.

„Би сакал, се разбира, на еден поинаков начин да патувам, да ја видам природата, да видам некои историски знаменитости“, објасни претседателот на РФ.

Путин потсети дека неодамна го посети Перу на самитот на АПЕК. „Што таму - аеродром, зграда, назад - и веќе си во Москва. А таму има што да се види:  Перу е уникатна земја, едноставно уникатна, таму има многу интересни објекти“, додаде шефот на руската држава.

Исто така, претседателот призна дека има хоби со кое тој никогаш не се занимавал, но дека би сакал да се обиде. „Имам. Нема да кажам кое“, одговори Путин на таквото прашање, пренесува РИА „Новости“.















Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *