Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2016

Во Адигеја најден сандак на „Аненербе“ со черепи од непознати суштества

0

Череп без вилици, фронтални коски и вратот, отвор за 'рбетот на одреден начин асоцира на вонземјани, изјави Огај.

Откритијата потекнуваат од просторот на природниот резерват Голем Тхач, на кој се наоѓа етно-комплексот Беловодје. „Се обраќав до нашите научници со фотографија од черепите, сепак, не добив единствен одговор. Потребни се подетални проучувања“, рече Огај.

Женското лице на војната: Како советските жени ги надминувале воените предизвици

Активностите на „Аненербе“ беа концентрирани на археолошки, историски, па и окултни споменици.

Како што наведува „Адигеја Денес“ (Адыгея Сегодня), руските археолози тврдат дека черепите немаат никаква врска со вонземјани и дека би можело да се работи за черепи на овни кои водата и речниот песок ги деформирале и ги исфрлиле на брегот.

Целосниот назив на „Аненербе“ е „Германско друштво за истражување на древната германска историја и наследство на предците“. Оваа организација постоеше во Германија во периодот од 1935 до 1945 година, а е основана заради проучување на традицијата, историјата и наследството на таканаречената „германска раса“. Претседател на организацијата беше Хајнрих Химлер, пренесува „Взгљад“. 















Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *