Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2016

Лавров со одговор на изјавите на Хрватска за „руската закана“ на Балканот

0

Чудно е да се слушнат изјави за можна руска закана од хрватските власти, сепак, Москва е подготвена да разговара за аргументите на Загреб, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Лавров: земјите од ЕУ зборуваат за Русија „по инструкција“

Претходно во медиумите се појавија изјави на претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, за можен воен конфликт на Балканот, затоа што Русија активно влијае на настаните во регионот.

„Знаете, се знаеме со претседателката на Хрватска, со неа имам, мислам, дури и нормален однос, уште кога таа беше министерка за надворешни работи, и чудно ми е да слушам такви зборови од устата на шефица на држава со која Русија сака да биде пријател, како и со сите други држави на Балканот и на европскиот континент. Ако госпоѓата претседател има конкретни факти што потврдуваат овие изјави, ние сме подготвени да дискутираме за тие факти“, изјави Лавров изјави во интервју за „Спутник“.















Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *