Белата куќа објасни зошто не воведува санкции против Путин
Доколку Вашингтон би вовел санкции против претседателот на РФ Владимир Путин во врска со сајбер-нападите во текот на изборниот процес во САД, тоа би било претерано.
Медиум: Зошто санкциите на Обама повеќе им штетат на САД отколку на Русија
Ова во вторникот, 3 јануари, го изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест на редовниот брифинг.
„Согласно политиката на воведување санкции, лидерите на странски држави се ставаат на црните списоци само во определени околности. И би било претерано, доколку лично Путин се најде на тој список“, потенцираше Ернест, пренесува „Лента.ру“.
На 29 декември Вашингтон воведе санкции против Русија во врска со наводните сајбер-напади врз изборниот систем на САД. Под санкции се најдоа ФСБ и Главната управа за разузнавање на Генералштабот на Вооружените сили на РФ.
