Киев бара право на глас во секој договор меѓу Русија и САД
Во моментов киевските власти се сериозно загрижени што претседателот на САД Доналд Трамп ќе ја исклучи Украина од преговорите за Донбас, затоа што се обидува да воспостави односи со Москва, пишува „Ројтерс“.
„Ние зборуваме за иднината на нашата земја и не сакаме да бидеме исклучени од тие преговори“, изјави Зеркаљ.
Песков: Киев сам се одрекува од Донбас
Таа истакна дека не верува во договор со Русија, затоа што, според неа, Москва „посегна по територијалниот интегритет на Украина“.
Зеркаљ одново го повтори апелот на претседателот на Украина Петро Порошенко упатен до Западот за засилување на режимот санкции спрема Русија, нарекувајќи ги санкциите „единствениот инструмент за запирање на понатамошната агресија“ од страна на Русија.
Претходно шефот на МНР Русија Сергеј Лавров изјави дека Порошенко истапил со несоодветна изјава за реализацијата на „Минската спогодба“, со што ја покажал намерата на Киев да избега од своите обврски.
Пред тоа Русија во ОБСЕ го критикуваше Киев за саботажа на „Минската спогодба“. Русија повеќе пати има изјавено дека не е страна во „Минската спогодба“, туку исполнува улога на гарант на регулирањето на кофликтот.