Русија поднесе предлог-резолуција во СБ на ООН за безбедни зони во Сирија
Русија поднесе во Советот за безбедност на ООН предлог-резолуција за поддршка на меморандумот за создавање зони на деескалација во Сирија, кој претходно беше потпишан во Астана на 4 мај. Ова го соопшти за ТАСС постојаното претставништво на Русија во ООН.
„Потврдуваме дека предлог-резолуцијата е поднесен“, изјави портпаролот на постојаното претставништво Фјодор Стржижовски.
МНР го објави текстот на меморандумот за зоните на деескалација во Сирија
Според информациите од дипломатите, гласањето може да се одржи на почетокот на оваа недела, можно е на 8 или 9 мај.
Претходно делегациите на Русија, Иран и Турција во текот на преговорите во Астана се договорија за формирање четири зони на деескалација на територијата на Сирија.
Договорот предвидува забрана од 6 мај за воени активности, вклучително и на летови на авијацијата. Важноста на документот трае половина година и може автоматски да се продолжува за истиот период.
Министерството за одбрана на РФ претходно потенцираше дека потпишувањето на договорот во Астана не значи прекин на борбата со терористичките групи „Ислмска држава“ и „Џебхат ан Нусра“.