Лавров: Киев ја саботира „Минската спогодба“
„Кај нас предизвикува голема загриженост тоа што се случува со имплементацијата на „Минската спогодба“, пред сѐ, како резултат на саботажата од страна на киевските власти. Има мноштво примери за тоа. Тоа се однесува на... целосното саботирање на политичкиот процес и организирањето на редовна база на вооружени провокации на линијата на разграничување, за да се има изговор за неисполнување на политичкиот дел од пакетот-мерки усвоен во Минск“, изјави Лавров.
Кремљ:за прашањето за миротворци во Донбас треба да разговараат сите страни
Притоа шефот на руската дипломатија потенцира дека алтернатива за „Минската спогодба“ нема.
„Претседателот Путин потенцираше, како и канцеларката Меркел, меѓу другото, дека, без оглед на сето тоа, алтернатива за „Минската спогодба“ во моментов не гледаме, ништо поконструктивно во моментов не може да се разработи, затоа нашата заедничка линија се состои во тоа да се продолжи со работата и во рамките на „Нормандискиот формат“ – на ниво на лидери, на ниво на министри, на ниво на експерти - и во рамките, се разбира, на контакт-групата, каде што се застапени на иста маса и киевските власти и претставниците на Донецк и Луганск заедно со претставниците на Рускта Федерација и Организацијата за безбедност и соработка во Европа“, истакна Лавров, пренесува РИА „Новости“.