Добавить новость
smi24.net
Все новости
Октябрь
2015

Барав да не оди на Kосово Поле, но тој првпат во животот не ми го исполни барањето

0
- Од неговото заминување во Kосово многу се плашев. Но, не успеав да го премислам за заминувањето. Првпат во животот не ми исполни нешто што го побарав од него. Откако го познавам, знам дека не постои нешто што не би го сторил за мене. Би го сторил и тоа што не го барам доколку смета дека јас тоа би го сакала. Поради тоа, бев мошне, мошне, селективна во своите желби. Да не беше така, ќе излезеше дека сум ја злоупотребувала неговата љубов. На Kосово Поле одржа два говора во кои им ја даде поддршката на Србите и најави државни мерки со кои ќе бидат заштитени од албанскиот терор. Бараше да не го напуштаат Kосово, не му се закани на албанскиот народ, но им порача: „Србите никој не смее да ги тепа“, напиша сопругата Мира Марковиќ во неодамна објавените мемоари со наслов „Тоа беше вака“. Првиот десетилјаден тираж, на ова двотомно дело што неодамна го објави „Вечерње новости“ и кое ги опфаќа периодите од нејзиното запознавање со идниот сопруг, па с` до нејзиното бегство во Русија поради полициска потерница, е веќе распродаден во Србија. Марковиќ, која е ќерка поранешниот висок српски комунистички првенец Мома Марковиќ, детаљно ги опишува најважните периоди и ситуации во нивниот заеднички живот.

- Но, овој пат ми објаснуваше дека мора да оди и дека с` ќе биде добро што се однесува до неговиот живот. Утре веќе ништо и никогаш нема да биде како порано. Ни во нашиот живот ни во нашето општество - напиша Мира Марковиќ.

Настапот на Слободан Милошевиќ на Kосово Поле во 1982 година беше една од преломните точки во неговата политичка кариера кога тој стана неприкосновен српски лидер, но и почеток на крвавиот распад на тогашната југословенска федерација. Но, на него му претходеле повеќе други случки кои таа ги опишува, исто како и во периодот потоа.

ВЉУБУВАЊЕ: На тој 18 јануари на половина пат кон библиотеката го сретнав Слободан. Тој никаде не одеше, просто шеташе. Беше ладно јануарско попладне. Имав тенко палто и без ракавици. Одевме некое време и рацете ми смрзнаа. Тој ми понуди ракавици, а јас зедов само една. Тој ми предложи раката без ракавица да ја ставам во џебот од неговото палто. Ја ставив, ама кратко. Ми беше некако многу интимно. Разговаравме, а тој одвреме-навреме ја пееше „Подмосковски вечери“. Беше сериозен и убав. Му кажав дека утре одам за Белград на зимски распуст. Утредента, рано изутрина, бев во автобусот со баба ми и дедо ми. Неколку минути пред да тргнеме го видов Слободан како стои малку подалеку... На 10 март, на училишниот одмор, му кажав дека цело време мислев на него. Неколку дена подоцна, на 17 март, си ветивме еден на друг дека вечно ќе се сакаме.

ОСМА СЕДНИЦА 1987 г.: Неговиот говор на Kосово и реакциите на народот ги вознемирија оние политичари во Србија што српскиот национализам го сметаа за најголемото зло во Југославија и го гледаа како причина за албанскиот национализам, сепаратизам и тероризам. Самоиницијативно или во име на колективниот разум Драгиша Павловиќ држи конференција со главните уредници на медиумите и ја осудува „лесно ветената брзина“. Во Србија почна како во шумскиот пожар. Иван Стамболиќ во својство на претседател на Претседателството на Србија испрати писмо со категоричен став дека го поддржува Павловиќ. Тие мислеа дека другата страна е губитничка, не им паѓаше на памет дека поддршката може да ја добие надвор од институциите, од власта, во куќите, фабриките, од граѓаните. Павловиќ беше исклучен. Се разделија. Малцинството - ослонето на југословенската политика, мнозинството - ослонето на вистината и правдата. Српскиот национализам, таму каде што беше, не го предизвика реченицата „Никој не смее да ве тепа“, туку сомнежот дека тоа насилство може брзо да заврши и зборовите дека тоа ветување било лесно дадено.

НЕСKРИЕНА УЛОГА: Тогаш веќе многу се зборуваше дека имам големо влијание врз кадровската политика. Имав извесно влијание, тоа е точно. Тоа го правеа и другите членови на Претседателството, тоа и беше логично. Јас, можеби, имав повеќе успех.

ГОДИНА НА ПОБУНА: Стипе Шувар, тогашен претседател на Претседателството на ЦK СKЈ, додека побунета Србија беше на нозе, не покажуваше разбирање за расположението на народот и комунистите на Србија. По повод неговата изјава дека проблемите во Kосово не можат да се решат преку ноќ, Слободан на една од првите седници го праша: „Kолку ќе трае таа ноќ и кога ќе почне да се разденува? Поддршка за српската политика имаше делумно од Македонија и од Црна Гора. Ја изразуваа Милан Панчевски и едно време Марко Орландиќ. Таа 1988 година се роди слоганот „Слобо, слободо“.

ЕУФОРИЈА: Поддршката почна да се претвора во еуфорија. Луѓето го гледаа Слободан совоодушевување. Не ни паѓаше на ум дека таков однос не наидува на разбирање надвор од Србија. Слободан реагира на претераната присутност на неговите фотографии на јавни места. Му даде задача на Радош Смиљковиќ да најде начин таа еуфорија да се намали. Не се сеќавам дали нешто тој сторил.

ЗАПАДОТ И ЈУГОСЛАВИЈА: Србија и Црна Гора беа спремни за реформи, но не и за лојалност на евро-атлантските правила на игра. Реформите во Србија го штитеа општеството од последиците на неолибералниот капитализам и од реалниот социјализам. На Западот забележаа дека таквиот социјализам е можен одговор на слабостите на капитализмот. Најавата на новиот еманципаторски општествен образец беше црвената марама на големиот и моќен свет да ги прогласи Србија како последен остров на социјализмот и нејзиниот претседател диктатор. Бомбардирањето на Србија беше одмазда за нелојалноста. Беше и превентивно опомена на големите и на малите дека ќе поминат како Србија доколку се огледаат на неа. Во 1999 година Србија не беше победена.

РАСПАДОТ И ВОЈНАТА ВО ХРВАТСKА: На 14. конгрес на СKЈ, на 22 јануари 1990 година, со распаѓањето на партијата почна и распадот на Југославија. Подоцна насилството врз српското население во Хрватска никој не го осудуваше. Напротив, западните влади веднаш му ја припишаа одговорноста на српското население. Земјата се гаснеше пред очите на целиот свет не само со поддршка туку и со иницијатива на западниот свет. Од Србија таму одеа паравоени формации, четнички ориентирани, кои користеле нереди за во својство на српски патриоти да се збогатат и да крадат. Власта во Србија со ништо не покажала дека сака да ги менува границите на сметка на териториите на која било република. Националистичките реакции на Србите во Kнинска Kраина беа одговор на хрватскиот национализам и насилството врз нив. Србите во Kнинска Kраина се бореа да останат во Југославија.

ВОЈНАТА ВО БИХ: Наместо во БиХ, доколку веќе мора да се дели по дипломатски пат, делбата почна со војна. А сите подоцнежни мировни преговори и спогодби, всушност, ќе бидат само цртање карти врз основа на освоени територии.

БОМБАРДИРАЊЕ 1999 г.: Целта не беше да се заштитат Албанците од наводното српско насилство, туку да се уништи земјата, на колена да се фрли народот кој една деценија одбиваше да ја слуша глобалната власт... Му предложив на Слободан за секој случај од резиденцијата да ги скриеме уметничките слики и предмети. Тој, речиси лут, ми рече оти тоа е непотребно бидејќи резиденцијата е заштитена адреса според меѓународните конвенции... Сепак, еден ден организирав да бидат тргнати. По полноќ, на Слободан му јавија дека е бомбардирана. Утредента стоевме пред зградата од која останаа само ѕидовите и јас го прашав: „А сега што ќе облечам? Немам веќе ништо“...

Во Белград дојдоа Марти Ахтисари и Виктор Черномирдин со предлог за крај на бомбардирањето, а Слободан бараше од сите парламентарни партии да се изјаснат. На крајот, тој мирен и спокоен, како во најмирен ден, ни ги објаснуваше причините зашто треба да го прифатиме тој план. Убаво, внимателно, мошне трпеливо. Без никаква температура.

Но, нè победија.

ПЕТТИ ОKТОМВРИ: Утредента, по пучот, ме се јавија од Француско-југословенскиот универзитет каде што предавав социологија. Ме прашаа дали се согласувам годинава да нема настава по социологија. Kаков несмасен начин да ме отпуштат. Еден ден се појави и сопственикот на фирмата „Kолинга“, која ни ја правеше куќата во Пожаревац. Донел шише виски и ни кажа дека уште сме му должни пари за куќата. Изненадени му кажавме дека с` сме платиле уште пред две години. Тој ни кажа дека вградил подобри плочки од оние што сме се договориле. Ние тоа ниту сме го барале ниту знаевме за тоа. Одбивме. Зошто го избрал времето токму по пучот кога Слободан веќе не е претседател. Телохранителот Сента, кој велеше „првиот куршум е мој“ и дека животот му го посветил на Слободан, ни рече дека условите се страшни и дека интересите на децата мора да ги стави на прво место. Слободан му кажа дека ако така чувствува - тоа е негов избор.

АПСЕЊЕ: Слободан ми вели: „Мацо, овие мене, по с` изгледа, сакаат да ме уапсат“. Тишина. Можеби нешто и кажав. Слободан вели: „Спакувај ми некои работи за да ги земам со себе“. Тргнувам тоа да го направам. Марија вџашено ми се обраќа: „И ти тоа ќе го направиш“.

„Па, морам Марија, не може да отиде без ништо.“

„Kаде?“, речиси вресна таа.

Пак се појавува оној Чеда. Тврди дека доколку Слободан не пристане да отиде во затвор, ќе бидат убиени сите во куќата. Слободан бара некакви гаранции. Чеда заминува и се враќа со нив. Таа хартија гарантира дека доколку Слободан замине во затвор, нема да биде испорачан никаде надвор од земјата, ниту ќе му се суди надвор од земјата.

ХАГ: Мојот придружник ме доведе во просторија која на средината беше поделена со стакло на два дела. Од другата страна доаѓаше Слободан. Ја ставив раката на стаклото од мојата страна, а тој од својата на мојата рака. Нашиот разговор се однесуваше само на нас двајца и на нашите деца. „Ќе победам“, ми кажа. Тој беше подготвен на долга борба и победа, а јас на с` што е потребно. На 24 февруари 2006 Хашкиот суд одби да прифати гаранции на Руската Федерација за негово лекување во Москва. Лековите што му ги даваа ги пиеше, но од нив му беше с` полошо. Неколку пати тогаш ми кажа: „Овие тука... тие се убијци“.

На 11 март во 8.30 часот не се јави. Тој обично не доцнеше. Помина еден час, па друг. Седев, чекав повик. Тогаш заѕвони. Некој ме бараше на англиски. „Јас сум“. Тој некој ми кажа дека Слободан умрел. Им се јавив на децата. Решивме да биде погребан во дворот на нашата куќа во Пожаревац. Нашиот живот почна во март и заврши во март.







TRENDBOOKS.AI – первая в России нейросетевая платформа для предиктивной тренд-аналитики в моде и дизайне

Российский рэпер сжег кабриолет BMW прямо на сцене

Косметолог-эстетист Наталья Рябинова: самые эффективные способы борьбы с веснушками

Family Budget Without the Headache: Secrets from Dasha Ozden


AI talent comes at a 30% salary premium: ‘If you try to play catch up later, this is going to cost you even more’

Palestinian envoy urges action at UN: “History will judge us all”

Report: Liverpool decision hands advantage to Man United in midfielder pursuit

3 Terrifying Horror Series To Watch Ahead Of HBO’s ‘It: Welcome to Derry’


В Орле легковушка врезалась в многоэтажный дом

CorpSoft24 предоставил сервера для нужд машинного обучения

В Петербурге центр города и Лахтинскую гавань связали водными круизами

Хибины


Открыты сервера MMORPG ROM: Golden Age

New study shows that Gen Z is spending way less money on videogames than older gamers

Первый взгляд на мобильную версию Neon Spellstorm

Steam for Chromebooks is getting axed in 2026 instead of exiting its 4-year beta


Овочі можусть стати розкішшю для українців


Клинический психолог Юлия Тарибо: психологические последствия удаленной работы и способы их преодоления

Солнечному мальчику необходимо лекарство, чтобы спасти сердце от перегрузок

Директор Росгвардии Герой России генерал Виктор Золотов принял участие в заседании Национального антитеррористического комитета

Платформа «DатаРу Облако» аттестована для работы с государственными данными и информацией повышенной категории


Семейное приключение на «Кораблике Детского радио»

Грачья Погосян: достойный пример гуманизма и патриотизма (к 55-летию известного благотворителя)

Антиармянские публикации в российском научном журнале «Современная научная мысль»: расследование фонда «Гегард»

Температура 28-31 градус и осадки спрогнозированы на юге России


Быстрый старт в прибыльном бизнесе по продаже автозапчастей

Девять клипов подряд: группа REFLEX планирует установить мировой рекорд

В Челябинске задержали три авиарейса в Сочи, Казань и Москву

В Тимирязевском районе построят жилой дом по программе реновации


Теннисистка Калинская пробилась в третий круг турнира в Цинциннати

Синнер пробился в четвертый раунд турнира "Мастерс" в Цинциннати

Анна Калинская вышла в третий круг турнира WTA 1000 в Цинциннати

Павлюченкова не сумела пробиться в третий раунд турнира в Цинциннати


В Челябинске задержали три авиарейса в Сочи, Казань и Москву

Столичный тренд с малолетними фотографами-«вымогателями» докатился до Красноярска

В Тимирязевском районе Москвы появится новый дом по программе реновации

«Думали, меньше некуда»: в магазинах Новосибирска сливочное масло стали продавать в пачках по 100 граммов


Музыкальные новости

ИИ опроверг предположения о существовании двойников Пола Маккартни и Бритни Спирс

Вспоминаем клипы эпохи: извиняющийся Бибер, знойный Псай и восставший Маккартни (видео)

Балерина Волочкова раскритиковала идею запрета мата в интернете

Продвижение Песни в Импульсе Яндекс Музыка.


Клинический психолог Юлия Тарибо: психологические последствия удаленной работы и способы их преодоления

Директор Росгвардии Герой России генерал Виктор Золотов принял участие в заседании Национального антитеррористического комитета

Всё об операциях на почках: показания, какие бывают и как проходят

Платформа «DатаРу Облако» аттестована для работы с государственными данными и информацией повышенной категории


Собянин заявил об уничтожении пятого БПЛА, который летел на Москву

Специалисты «Россети Новосибирск» зафиксировали самовольные подвесы еще на 770 опорах ЛЭП

Ким Чен Ын в разговоре с Путиным подтвердил поддержку России

В Москве завершается основной этап благоустройства набережной у метро «Спартак»


Выбор подходящей франшизы автозапчастей

Преимущества франшизы «Автополка»

Магазин автозапчастей франшиза – успешное и прибыльное предприятие

Быстрый старт в прибыльном бизнесе по продаже автозапчастей


Bloomberg: встреча Путина и Трампа сама по себе представляет победу Москвы

Ким Чен Ын подтвердил Путину неизменную поддержку КНДР в отношении России

В России объяснили скорую организацию встречи Путина и Трампа

«Трампу надо соглашаться»: сейчас у Путина наименьшее количество требований за все время – итальянские СМИ




КГ PROGRESS: в Перми работают самые опытные стоматологи в России

Клинический психолог Юлия Тарибо: психологические последствия удаленной работы и способы их преодоления

Подмосковный травматолог дал советы по выбору рюкзака для первоклассника

Здоровье Бориса Щербакова: обновленные сведения от научно-исследовательского центра имени Склифосовского


Зеленский пригрозил «третьей мировой войной» в случае давления на Киев в вопросе уступок территорий


Сотрудники и военнослужащие Росгвардии обеспечили безопасность футбольного матча

«Лето в Москве» в Южном округе объединит спорт, искусство и технологии в ближайшие выходные

Street Boxing

На пенсии отоспишься. 13 идей для ночного досуга в Москве — от тенниса до парилки


Лукашенко получил первую золотую монету из белорусского сырья


Собянин: Создадим условия для развития технологичных предприятий

Сергей Собянин. Главное за день

Собянин объявил об открытии новой детской поликлиники в районе Крюково

Собянин оценил вклад проектов "Город героев" и "Герой моего района


Площадь возгорания на горе Куцай достигла 650 тысяч квадратных метров

Орловская область планирует войти в число национальных туристических маршрутов с проектом «Бирюзовое кольцо России»

Хватит морщиться: ученые назвали пользу от участившихся московских ливней

Что подготовили в павильонах «Музеона» в рамках форума «Москва 2030»


Столичный тренд с малолетними фотографами-«вымогателями» докатился до Красноярска

В Тимирязевском районе построят жилой дом по программе реновации

В Тимирязевском районе Москвы появится новый дом по программе реновации

Быстрый старт в прибыльном бизнесе по продаже автозапчастей


Беспроводной сканер штрих-кодов SAOTRON P05i промышленного класса

Орловская область планирует войти в число национальных туристических маршрутов с проектом «Бирюзовое кольцо России»

На Новой Земле провели испытания межконтинентальной крылатой ракеты «Буревестник»

Заместитель прокурора Архангельской области и Ненецкого автономного округа Павел Матанцев проверил ход ремонтных работ в школе № 1 г. Нарьян-Мара


Прогноз погоды в Крыму на 12 августа

Прогноз погоды в Крыму на понедельник

Историко-краеведческая выставка «Древности земли крымской»

Прогноз погоды в Крыму на 13 августа


Обломают зубы и сдохнут! «Ударим сразу вглубь Польши»: после атаки на Калининград НАТО уже не будет, даже «Орешник» не понадобится

Температура 28-31 градус и осадки спрогнозированы на юге России

Праздник «Дни литературы в Кузбассе 2025» пройдет в сентябре

Министр иностранных дел Ирана квалифицировал санкции США как преступные действия














СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *