Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Февраль
2021

Новости за 26.02.2021

„Таргет-Тврдина“: 12 години затвор за Мијалков, 15 за Бошковски, 4 за Јакулоска

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, денеска беше осуден на 12 години затвор во предметот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува на масовното незаконско прислушување на над 20.000 граѓани. Во истиот предмет осудени се и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска - на 4 години затвор, високиот поранешен функционер во УБК, сега во бегство, Горан Грујевски, на 15 години затвор, Надица Николиќ, поранешна началничка во Министерството за внатрешни работи - 3 години... Читать дальше...

Реформите во правосудството засега само на хартија

SlobodnaEvropa.mk 

Тековни судски случаи не коментирам, но наш став отсекогаш бил дека треба да постои независно и доверливо судство, судии и обвинители, вели холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп. Од „Евротинк“ велат дека случајот со Мијалков ќе се одрази негативно на европскиот извештај за напредокот на нашата земја

Макрон: Европа да биде солидарна со Балканот и Африка против ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот претседател, Емануел Макрон, на прес конференцијата во Елисејската палата по самитот на Европската унија (ЕУ), синоќа истакна дека Европа треба да го преземе својот дел во меѓународната солидарност во борбата против светската пандемија, јави МИА. „Пред една година ние ја лансиравме иницијативата Акт А – солидраност за Африка. Јасно е дека ние имаме потреба да ја изградиме солидарност кон нашите соседи, особено кога станува збор за Балканот и Африка“, рече францускиот претседател. Гир... Читать дальше...

Прва пресуда за нелегалното прислушување

SlobodnaEvropa.mk 

По три години од почетокот на судењето за случајот „Таргет –Тврдина“, денеска Судот треба да донесе пресуда. Ова е главниот предмет што го покрена некогашното Специјално обвинителство за да се дознае кој прислушувал во Македонија и кој потоа ја уништил опремата за прислушување. Обвинителите бараат 13 години казна затвор за обвинетиот Сашо Мијалков.

Нов рекорд во светските воени трошоци во 2020 година, и покрај кризата заради пандемијата

SlobodnaEvropa.mk 

Светските воени трошоци достигнаа нов рекорд во 2020 година и покрај тешката економска криза предизвикана од пандемијата на ковид-19. Според годишниот извештај на Британскиот меѓународен институт за стратешки студии, светската воена потрошувачка минатата година достигна 1,830 милијарди американски долари, што е реално зголемување од 3,9 проценти во споредба со 2019 година, и покрај пандемијата на коронавирусот и последователниот пад на светската економија. САД тестираа далечинско лансирање од воздух... Читать дальше...

Денеска пресудата во случајот „Таргет- Тврдина“

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој иако три дена беше недостапен, денеска, треба да биден присутен на пресудата за „Таргет- Тврдина“. Обвинителката Ленче Ристоска, во завршните зборови за главниот предмет за незаконското прислушување кое се вршело од 2008 до 2015 година изјави дека Обвинителството успеало да докаже дека обвинетите ги извршиле делата за кои се товарат и покрај сите пречки со кои се соочуваше во истрагата за случајот „Таргет-Тврдина”. Мијалков - Јас не сум наредил ниедно... Читать дальше...

Шефот на косовската дипломатија бара од Лајчак да користи мапа на која Косово не е дел од Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Косово, Мелиза Харадинај-Стубла, побара од специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, да започне во неговата канцеларија да употребува мапа на која Косово е независно. Откако во медиумите се појави слика на Лајчак пред мапа на која се гледа Косово како дел од Србија, Харадинај-Стубла изјави дека му испратила мапа по дипломатска пошта на која се прикажани одделни држави, Србија и Косово. „Мапите се важни! Работата со зомби мапи е крајно непрофесионална... Читать дальше...

Лидерите на ЕУ ветија дека ќе го забрзаат распоредувањето вакцини

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на Европската унија ветуваат дека ќе го забрзаат производството и ширењето на вакцините против ковид-19, бидејќи појавата на нови варијанти на вируси низ целиот континент претставува нов предизвик. Собрани за виртуелен самит на 25 февруари, лидерите на ЕУ дебатираа и за идејата за „сертификат за вакцина“ што ќе им дава на луѓето посебни поволности како што се патувања, јадење во ресторани или одење во кино. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на прес-конференција рече дека има... Читать дальше...

Времето денеска: сончево и топло

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево, топло и претежно тивко. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Дневната температура ќе биде од 16 до 22 степена. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 20 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *