Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Август
2021

Новости за 18.08.2021

Папата Франциск: Вакцинацијата е чин на љубов

SlobodnaEvropa.mk 

Вакцинацијата против ковид-19 е „чин на љубов“, изјави денеска папата Франциск, повикувајќи ги верниците да се вакцинираат. „Вакцините даваат надеж дека пандемијата ќе заврши, но само ако се достапни за секого и ако работиме заедно“, рече поглаварот на Римокатоличката црква во видео пораката во која ја поддржа кампањата за промовирање на вакцинацијата. МЗ: Значително голем интерес за вакцинација, аплицирани 18.877 вакцини „Да се биде вакциниран е чин на љубов, и придонесот за повеќето луѓе да бидат вакцинирани е чин на љубов. Читать дальше...

Иран го забрза збогатувањето на ураниум

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во извештајот до земјите -членки соопшти дека Иран збогатува ураниум до 60 проценти чистота користејќи втора каскада на центрифуги во неговиот нуклеарен објект Натанц. Во мај, ИААЕ со седиште во Виена наведе дека Иран користи само една каскада за збогатување до 60 проценти чистота. Доколку ураниумот е збогатен на деведесет проценти се смета за оружје, иако се потребни други технички чекори за да се создаде нуклеарна бомба. Макрон го повика Иран... Читать дальше...

Армијата одбележува 29 години постоење

SlobodnaEvropa.mk 

На платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Од Генералштабот на Армијата информираа дека обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. На свеченоста, командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт кој се... Читать дальше...

Нов Зеланд под карантин поради единствен сомнителен случај на делта

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерката Џесинда Ардерн од денеска го стави Нов Зеланд под строго заклучување, откако првиот случај на коронавирус во земјата во последните шест месеци беше пријавен во најголемиот град Окленд. Стратегијата на Ардерн досега помогна да се спречи ковид-19 во нејзината земја. Целиот Нов Зеланд ќе биде во строг карантин најмалку три дена. Окленд и Коромандел, крајбрежен град каде што исто така мина време заразеното лице, ќе бидат во заклучување седум дена. Владата ги одобри новите мерки за заштита... Читать дальше...

Државната изборна комисија со нова веб-страна

SlobodnaEvropa.mk 

Новата веб страна на Државната изборна комисија, ДИК, како што е најавено, од денеска ќе биде во функција. Таа е дел од проектот за поддршка на изборни реформи на Швајцарската амбасада, односно Швајцарска агенција за развој и соработка. Новата веб страна ќе има поедноставен приказ на содржините што ќе бидат систематизирани во неколку области и тоа дел за гласачите, за учесниците во изборниот процес, за медиумите и дел за изборните органи. Дизајнот е едноставен и лесно пристапен кој ќе овозможи брз... Читать дальше...

САД ги замрзнаа резервите на Авганистанската централна банка

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите држави ги замрзнаа резервите на Авганистанската централна банка на американските сметки, лишувајќи ги Талибанците од милијарди долари. „Сите средства на Централната банка што авганистанската влада ги има во Соединетите држави нема да им бидат ставени на располагање на Талибанците“, рече официјален претставник на американската администрација која ја донесе одлуката во текот на викендот, кога Талибанците го зазедоа главниот град Кабул. Политиката на САД под оган за падот на Авганистан... Читать дальше...

ЕУ со повеќе персонал и пари контра напливот на мигранти од Белорусија

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија е подготвена да обезбеди дополнителни гранични службеници и пари за да се справи со напливот на мигранти на границата со Литванија, за која се обвинува Белорусија, се наведува во нацрт-изјавата за денешниот кризен состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ. Министрите ќе ја осудат Белорусија за извршување неприфатлива агресија со испраќање мигранти на границата со Литванија, се наведува во нацрт-изјавата. Словенија, која претседава со ЕУ, соопшти дека разговорите ќе се одржат преку видео конференција. Читать дальше...

Меѓународниот кривичен суд е загрижен поради извештаите за насилство во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан изјави дека внимателно ги следи настаните во Авганистан и дека „е загрижен за неодамнешните извештаи за ескалација на насилството во земјата“. Обвинителот Карим Кан додаде дека ги одразува ставовите изразени во Советот за безбедност во врска со инцидентите за кои рече дека може да претставуваат прекршување на меѓународното хуманитарно право. Според него, тоа вклучува обвинувања за „вонсудски егзекуции, како што се убиства заради одмазда на затвореници и поединци кои се предале... Читать дальше...

Времето денеска: сончево и топло

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде од 26 до 38 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 34 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *