Добавить новость
smi24.net
SlobodnaEvropa.mk
Декабрь
2021

Новости за 30.12.2021

Грција воведува нови ограничувања за коронавирус

SlobodnaEvropa.mk 

Грција од денеска воведува нови ограничувања во угостителскиот сектор, со што ќе се повлечат мерките планирани за почетокот на јануари, бидејќи се зголемуваат инфекциите со коронавирус. Одлуката дојде еден ден откако властите објавија нов дневен рекорд од 21.657 случаи, повеќе од двојно во споредба со понеделникот. Властите соопштија дека варијантата омикрон, која е многу заразна, се чини дека е доминантна, едвај еден месец откако првпат беше откриена. Во Грција регистриран нов рекорден број на заразени со ковид-19 СЗО... Читать дальше...

Бајден денеска ќе разговара со Путин

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе разговара со својот руски колега Владимир Путин. Во соопштението на портпаролката на Советот за национална безбедност Емили Хорн издадено вчера се вели: „Администрацијата на Бајден продолжува да се ангажира во обемна дипломатија со нашите европски сојузници и партнери, консултирајќи се и координирајќи за заеднички пристап како одговор на руското воено засилување на границата со Украина“. На Путин му се брза да добие одговор од Запад – блеф или? Зошто односите меѓу Москва и НАТО се тензични? Читать дальше...

Се укинува бесплатниот превоз во ЈСП

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска престануваат да важат мерките кои Градот Скопје ги донесе за спречување на загадувањето на воздухот во главниот град. На вчерашниот брифинг со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска беше посочено дека досегашните мерки дале резултат. Поради тоа, од денеска ЈСП продолжува да вози по нормалниот возен ред и мерките ќе бидат укинати. Дополнителни мерки, како што рече Арсовска, нема, бидејќи тие се лимитирани. Воведен бесплатен јавен превоз поради аерозагадувањето во Скопје Прашана за колку загадувачи се изречени казни... Читать дальше...

РКЕ треба да донесе конечна одлука за цената на струјата

SlobodnaEvropa.mk 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на најавената денешна главна седница треба да донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година. На вчерашната подготвителна седница се претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба. Во чиј џеб завршуваат парите од секоја сметка за струја? Се чекаат и забелешките што ќе бидат доставени во писмена форма од енергетските компании, кои ќе бидат разгледани... Читать дальше...

Времето денеска: променливо облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Дневната температура ќе биде од 4 до 12 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 8 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *