Над 24 милиони евра од Првата граѓанска обврзница за 1.448 граѓани
Министерството за финансии (МФ) ја исплати главницата и каматата за втората година од издадената прва Граѓанска обврзница, на сметките на 1 448 граѓани. На граѓаните кои на аукцијата во 2023 година запишаа граѓански обврзници им се исплатени вкупно 1,4 милијарди денари (23,5 милиони евра), износ кој беше запишан во граѓански обврзници и камата за втората година во износ од 72,4 милиони денари (1,2 милиони евра). Првата граѓанска обврзница беше издадена на 13 јули 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5% годишно. Читать дальше...
