Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Февраль
2019

Иванов од Истанбул со говор за популизмот во светот

0
Протестите се израз на криза на лидерството насекаде во светот. Ова го потврдуваат и статистиките, истакнал денеска претседателот Ѓорге Иванов во обраќање на претседателската сесија на 22. Евроазски економски самит, што се одржува во Истанбул.


На претседателската сесија се дебатираше на темата „Популизам: оживување на нови концепти во светот поради слабеење на либералната демократија. Дали популизмот и расизмот се причина за почеток на нови конфликти?“


“Иванов говореше за суштината, мотивите, но и целите на популизмот кој денеска е се поприсутен, а притоа се осврна на жолтите елеци во Франција и посочи на актуелните состојби во Британија, Венецуела, Германија”, соопшти Кабинетот на претседателот.


Македонскиот претседател рекол и дека луѓето кои ги гледаме како протестираат по улиците и плоштадите не се некоја точно одредена категорија на граѓани, туку луѓе од сите слоеви на општествата на кои “глобалистичките елити со своите политики им ја одзедоа иднината, а на многумина им ги уништија и животите”.


Претседателот говорел за улогата на владеачката елита и потребата од стабилна власт, која како што рекол, својата сила не ја црпи од силата и репресијата, туку од авторитетот и почитувањето на јавното мислење, односно волјата на граѓаните.Во рамки на работната посета на Република Турција, претседателот Иванов ќе одржи предавање на Фондацијата за образование, култура и заштита на животната средина „Црно море“.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *