Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Февраль
2019

Новости за 09.02.2019

Порошенко - Украина во ЕУ и НАТО за да се заштити од Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Украина мора да се приклучи на ЕУ и НАТО за да заштити од Русија, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко, на стартот на неговата изборна кампања. Порошенко, кој бара втор петгодишен мандат ја обвини Москва дека планира да се меша во изборите. Изборите треба да се одржат на 31 март. Порошенко, исто така, обвини дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ја уништи украинската независност и ги опиша претседателските избори во земјата како „општа битка за Украина“. „Само полноправно... Читать дальше...

Гутереш – Светот ја губи трката со климатските промени

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот ја губи трката со климатските промени и дека тоа би „можело да биде катастрофа за Африка“ и за други места. Зборувајќи пред почетокот на Самитот на Африканската унија во Адис Абеба, Гутереш повика на поголема политичка волја за финансирање и прилагодување. Според него, Африка ќе плати повисока цена од климатските промени поради драматичните влијанија, иако тој континент не допринесува многу во глобалното затоплување. Растот на температурите во Африка ќе биде поголем. Читать дальше...

Ќе се ревидира конкурсот на Министерството за култура

SlobodnaEvropa.mk 

Сите одлуки за одбиени апликации ќе бидат поништени и повторно разгледани и доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти ќе биде дополнета, стои во писмената изјава на министерот за култура Асаф Адеми. Конкурсот на Министерството за поддршка на проекти од културата предизвика низа негативни реакции откако вчера беше објавен. Министерот Асаф Адеми кој е во работна посета на Берлин, преку соопштението вели дека ги проследил сите коментари и забелешки за конкурсот. „Како човек... Читать дальше...

„Канцерогено општество“ бара конкретни мерки против загадувањето

SlobodnaEvropa.mk 

Протест против загадувањето на воздухот во организација на иницијативата „Канцерогено општество“ се одржа денеска пред Собранието на Македонија. Демонстрантите два часа ја блокира крстосницата пред Парламентот со барање да се стави крај на отровниот воздух. Од иницијативата барат властите да го решат проблемот со регионалните депонии, да се справат со големите загадувачи и за излезе со конкретни мерки против загадувањето на воздухот. „Власите да излезат со официјална стратегија и конкретни мерки... Читать дальше...

Во следните неколку дена Уставните амандмани во Службен весник – Македонија станува Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

По исполнување на сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, Владата на Република Македонија ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон. Потоа, соопшти денеска Министерството за надворешни работи, Република Северна Македонија и Грција ќе достават заедничко писмо до Генералниот секретар на ОН, со кое го информираат Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на конечната спогодба, со што се става... Читать дальше...

Снегот на Тибет уби илјадници животни

SlobodnaEvropa.mk 

Снежното невреме на Тибет во западна Кина уби илјадници грла добиток и ги прекри патиштата со 45 сантиметри снег. Агенцијата Синхуа денеска објави дека локалните власти испратиле ветеринари, лекови и сточна храна во најпогодените подрачја. Селата во тој дел на Кина се наоѓаа на над пет илјади метри надморска височина, а работниците ги расчистуваат патиштата за да може да стигне помошта. Работата ја отежнуваат силните ветришта и движењето на снегот. Исхраната на жителите на тибетските села многу зависи од стоката... Читать дальше...

Бројот на жртви од уривањето на зграда во Истанбул се зголеми на 17

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на жртви од уривањето на осумкатна станбена зграда во Истанбул порасна на 16, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Тој наведе дека во урнатините е пронајдено уште едно тело. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го посети местото на несреќата. Зградата во истанбулската населба Картал се урна во средата. Причините за уривањето се предмет на истрага, но турските претставници наведоа дека последните три ката биле кренати нелегално. Од 14 луѓе кои беа пронајдени живи... Читать дальше...

Во Брисел оперираат стотици руски и кинески шпиони

SlobodnaEvropa.mk 

Стотици руски и кинески разузнавачи оперираат во Брисел, предупреди Европскиот сервис за надворешни активности, надворешна служба на ЕУ. Тие проценуваат дека има „околу 250 кинески и 200 руски шпиони во европската престолнина, објави германскиот весник Велт ам Сонтаг, повикувајќи се на европски дипломати. Според весникот, европските дипломати и воени претставници добиле совети да се држат настрана од одредени делови на Брисел, меѓу кои и популарен ресторан и кафетерија во близина на седиштето на Европската комисија. Читать дальше...



Кралот на Тајланд ѝ забрани на сестра си да се кандидира за премиер

SlobodnaEvropa.mk 

Тајландскиот крал Маха Ваџиралонгхорн ѝ забрани на својата постар сестра да се кандидира за премиер, што нејзината партија го прифати. Партијата Таи ракса чарт ѝ се заблагодари на принцезата Уболратани. Тоа што принцезата вчера ја прифати кандидатурата претставуваше раскинување со традицијата според која кралското семејство не се меша во политика. Пред крајот на денот, кралот ја поништи одлуката, оценувајќи ја како непримерна и неуставна. Да останеше кандидат, 67-годишната принцеза на изборите... Читать дальше...

Чесите ќе се повлечат од Авганистан, ако се повлечат Американците

SlobodnaEvropa.mk 

Чешкиот министер за одбрана Лубомир Метнар изјави дека ако американските војници ја напуштат мисијата на НАТО во Авганистан, тоа ќе го направат и чешките војници, додека Чешка ќе остане во мисијата во Сирија од каде американскиот претседател Доналд Трамп исто така сака да ги повлече војниците. Метнар вели дека без оглед на најавите на Трамп, одлуката за повлекување уште не е донесена, зашто американскиот Конгрес и врвот на американската армија не сакаат повлекување на американските војници сè додека... Читать дальше...

Најмалку 39 Индијци се отруле од лош алкохол

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 39 луѓе од неколку села на северот на Индија починаа, а 27 се разболеа од евтин алкохол затруен со метанол, информираат денеска властите. Високи полициски извори информираа дека 26 луѓе починале во државата Утар Прадеш, а 13 во соседната држава Утараханд. Жртвите се отруле во четвртокот за време на прослава. Уапсени се осуммина осомничени трговци со нелегален алкохол, а 35 локални функционери се суспендирани, меѓу кои и 12 полицајци. Смртните случаи поврзани со нелегален алкохол се... Читать дальше...

Захариева - Бугарија има интерес од приемот на Македонија во НАТО и ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Се надевам дека Бугарија ќе биде една од првите држави што ќе го ратификуваат договорот за присоединување на Македонија во НАТО, оти тоа е од национален интерес за Бугарија, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. „Бугарија има интерес Македонија да биде наш сојузник во НАТО. Истото се однесува и за влезот на Македонија во Европската унија“, рече шефицата на бугарската дипломатија. Таа посочи дека ратификацијата во бугарскиот Парламент може да се случи веќе наредната седмица или таа после неа... Читать дальше...

Четири нови жртви од грип во Босна, вкупно 40

SlobodnaEvropa.mk 

Во Босна и Херцеговина починаа 40 лица од здравствени компликации настанати од грип, од кои 37 на подрачјето на Република Српска. Како што соопштија здравствените власти во Република Српска, уште четири пациенти починале од последици на тешки акутни респираторни инфекции, со што билансот на смртни случаи се зголеми на 37. Новите случаи со смртни последици од грип се пријавени во болниците во Бања Лука, Бјелина, Зворник и Босанска Градишка. На подрачјето на Босна и Херцеговина регистрирани се... Читать дальше...

Телефонски разговор на Вучиќ и Ердоган за унапредување на односите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателите на Србија и Турција, Александар Вучиќ и Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор уште еднаш ја истакнаа својата цврста заложба за заедничко унапредување на односите меѓу двете земји, кои веќе се на високо ниво, како политички, така и економски, јави Танјуг. Како што соопшти Кабинетот на Вучиќ, во долг и содржаен телефонски разговор, тие синоќа изразиле уверување дека преку работата на Високиот совет за соработка, како и на други начини, ќе продолжат поефикасно да ги унапредуваат севкупните односи и соработката во сите области.

Трамп ќе се сретне со Ким на 27 и 28 февруари во Виетнам

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким Џинг Ун ќе се одржи во главниот град на Виетнам, Ханој, на 27 и 28 февруари. Засега не е позната точната локација на средбата. „Моите претставници тукушто ја напуштија Северна Кореја после многу продуктивен состанок. Самитот ќе се одржи во Ханој, во Виетнам, на 27 и 28 февруари. Се радувам на состанокот со претседателот Ким и напредокот на мирот“, наведе Трамп. Американскиот пратеник за Северна Кореја... Читать дальше...

Претседателот Иванов се сретна со Ердоган

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Ѓорге Иванов, вчера попладне во Истанбул се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Како што соопшти прес-службата на претседателот, двајцата соговорници изразија задоволство од високото ниво на севкупните политички односи и содржајната билатерална соработка меѓу Македонија и Турција. Во разговорите претседателот Иванов и претседателот Ердоган разменија мислења за актуелните политички случувања во двете земји, односно за претстојните претседателски избори во Република... Читать дальше...

Неписменоста на младите ехо на турбо кулурата во општеството

SlobodnaEvropa.mk 

Системот на образование не ги дава очекуваните резултати. Истражувањата покажуваат дека половина од младите се неписмени или полуписмени. Стручњаците велат дека тоа зборува за ерозија на вредностите и на етиката. Проблемот лежи и во големиот јаз меѓу богатите и сиромашните како светска тенденција.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *