Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Март
2019

Taчи - Поделба на Косово само преку мене мртов

0
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека поделба и размена на територијата на Косово може да се случи само преку него мртов и дека за тоа зборуваат тие кои му помагале на Слободан Милошевиќ.



„Размена на територии никогаш нема да се случи, територијалната размена е договор и никогаш нема да биде дозволена, а поделбата на Косово може да се случи само преку мене мртов“, изјави Тачи во Тирана.

Тачи нагласи дека „никој не може да ги подели Трепча, Митровица и езерото Газивода, ниту да земе еден сантиметар од косовската територија“.


„За поделбата на Косово денес зборуваат оние што му помагаа на Слободан Милошевиќ“, рече Тачи, додавајќи дека никој не може да негира дека припојување кон Косово на Прешевската Долина, односно трите општини со мнозинско албанско население во јужниот дел на Србија – Прешево, Медвеѓа и Бујановац, нема да влијае врз целовитоста на Република Косово.



Тачи ја отфрли и секоја форма на формирање „Балканска унија“, бидејќи, како што рече, тоа ја нарушува „територијата на Република Косово“.


„Албанската нација мора да биде зајакната, Косово има пријатели и партнери, како што се САД и ЕУ, но исто така има политички противници. Косовската армија ќе биде армија на мирот“, рече Тачи.


Тачи, исто така, рече дека нема да дозволи уривање на односите со САД за, како што рече, тесно-политички интереси.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *