Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Март
2019

Новости за 27.03.2019

Бугарски пратеник поднесе оставка по скандалот со недвижнини

SlobodnaEvropa.mk 

Потпретседателот на бугарската владејачка партија Цветан Цветанов изјави дека понесува оставка од пратеничката функција по истрагата за неговата улога во скандалот со недвижнини кој беше откриен од сервисот на РСЕ во земјата. Но, Цветанов, кој беше и шеф на парламентарната група на ГЕРБ, порача дека планира и натаму да биде потпретседател на партијата. Цветанов се смета за втор најмоќен политичар по лидерот на владејачката партија ГЕРБ и премиер Бојко Борисов. Тој е четвртиот по ред функционер кој поднесува оставка по скандалот.

Се урна воен авион во Казахстан, загинаа 13 лица

SlobodnaEvropa.mk 

Казахстанското министерство за одбрана соопшти дека 13 лица загинале кога се урнал воен хеликоптер на лет за обука. Хеликоптерот бил дел од поголема група на воени хеликоптери кои се упатиле од Актау до Шимкент бо близина на границата со Узбекистан. Се уште не е јасно дали некој ја преживеал несреќата, а се истражуваат и причините.

Меј најавила оставка ако се усвои договорот за Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Британската премиерка Тереза Меј најавила дека ќе се повлече од функцијата доколку нејзиниот договор за Брегзит помине во третото гласање во Парламентот со цел да добие поддршка од противниците во Конзервативната партија, соопштил пратеник кој сакал да остане анонимен. Според извори од партијата, Меј не посочила конкретен датум за нејзината оставка, но тоа би можело да се случи наскоро. Конзервативните пратеници сакаат поцврст договор за напуштање на ЕУ од оној на Меј и порачаа дека ќе го поддржат... Читать дальше...

Ахмети на средба со Тимоние ја истакнал важноста од реформите

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска оствари работна средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на која станало збор  за последните случувања во земјата, реформите во судството, владеењето на правото, претседателските избори, но и европските парламентарни избори какои состојбата во регионот. Ахмети ја истакнал важноста од спроведувањето на реформите во насока на владеење на правото и исполнување на европските стандарди, додавајќи го неговото очекување за постигнување на консензусот со опозицијата околу реформските процеси. Читать дальше...

Собранието усвои закони кои не беа потпишани од Иванов

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието во рамки на денешната седница усвои повеќе закони кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати назад до пратениците, меѓу кои законите за електронски комуникации, за ОТА и за данокот на додадена вредност. Пратениците, без дебата како закони во трето читање, ги изгласа и законите за изменување и дополнување на законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории... Читать дальше...

Поранешниот руски министер Абизов во привор за измама

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот руски министер Михаил Абизов изјави дека не е виновен за измама и им порача на властите дека ќе соработува во истрагата. Судот по неговото вчерашно апсење му определи притвор на Абизов до 25 мај и покрај барањето на одбраната за негово ослободување со кауција од 15,5 милиони долари. Абизов е обвинет за вмешаност во криминална група која проневерила околу 62 милиони долари од од сибирската енергетска компанија и регионалната електрична мрежа во Новосибирск. Абизов се смета за близок сојузник на рускиот премиер Дмитри Мдведев.

Пожар на Скопска Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Поголем пожар во моментов е активен на Скопска Црна Гора и интервенира една екипа со тројца пожарникари, при што се работи на тоа да не се прошири пожарот.. Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека гори нискостеблеста шума на поголема површина.



Трамп ја повика Русија да се повлече од Венецуела

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Русија да ги повлече своите војници од Венецуела и предупреди дека "сите опции" се отворени. "Русија мора да се повлече", изјави Трамп по средбата со Фабијана Росалес, сопругата на лидерот на Венецуела, Хуан Гуаидо, признаена од САД и повеќе од 50 други земји како привремен претседател на земјата. Два руски воени авиони со околу 100 војници слетаа на периферијата на главниот град на Венецуела, Каракас. Запрашан како ќе ги натера руските сили да ја напуштат Венецуела, Трамп порача- "Ќе видиме.

Повредени демонстранти во судири со полицијата во Ингушетија

SlobodnaEvropa.mk 

Во судири на полицијата и демонстрантите во рускиот регион Ингушетија повредени се неколку лица. Полицијата се обидела да го спречи протестот против контроверзниот договор за воспоставување на граница со соседна Чеченија. Судирите се случија еден ден по протестот кој беше одобрен од властите против размената на територија со Чеченија на кои се повика на оставка од лидерот на Ингушетија, Јунус Бек Јевкуров. Ингушетија и Чеченија беа дел од иста земја до распадот на Советскиот сојуз во 1991 година.

Општина Центар со нов мораториум

SlobodnaEvropa.mk 

Општина Центар на денешната вонредна седница донесе нова одлука за мораториум по неговото укинување од страна на Уставниот суд. Според одлуката, Деталните урбанистички планови кои се спротивни на Генералниот урбанистички план на Град Скопје нема да се применуваат. Општината нема да издава дозволи за градба додека дуповите кои се ревидираат не бидат усогласени со генералниот план. Одлуката беше изгласана со 16 гласови „за“ а советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.

Министерството за здравство бара решение за проблемите на матичните лекари

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче изјави денеска дека минатиот период имал повеќе средби со матичните лекари, кои имаат повеќе барања упатени до Фондот за здравство. „Наидовме на силен отпор кај младите лекари во однос на барањето да се препишуваат и запишуваат пациенти на ординации, заради тоа што сметаат дека на тој начин ќе зависат од сопствениците на ординациите и нема да имаат доволно слобода да излезат сами на пазарот, да отворат свои ординации и да соберат свои пациенти. Затоа и размислуваме... Читать дальше...

Собранието го усвои законот за ново министерство

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието денеска со двотретинско мнозинство ги усвои Законот за Влада и Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се отвора патот на новото министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Законот предвидува трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Потребата за прераснување на Секретаријатот во министерство, според предлагачите, произлегла од тоа што Рамковниот договор бил веќе надминат... Читать дальше...

Половина германски инвеститори со лоша оценка за економијата

SlobodnaEvropa.mk 

Сконцентрираноста кон надворешната политика, го одвлекла вниманието од економијата, покажува последната анкета за деловната клима спроведена меѓу членовите на македонско-германското стопанство. Во однос на економската ситуација, 56 проценти од инвеститорите за минатата година дале лоша оценка, а за годинава се оптимисти, иако 54 проценти не се надеваат на поголеми промени. Според анкетата што ја презентираше денеска директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, 76 отсто повторно би инвестирале тука... Читать дальше...

Порамнувањето на платите во културата заглавено од изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за култура ги информираше институциите во културата дека договореното порамнување на платите ќе го почека завршувањето на претседателските избори. Од Синдикатот на култура разочарани и најавуваат дека во иднина „нема да имаат грам толеранција“.

Пожар во близина на македонско-бугарската граница

SlobodnaEvropa.mk 

Голем шумски пожар избувнал на границата меѓу земјава и Бугарија, кај селото Бајково, општина Ново Село. Екипите на шумското стопанство „Беласица“ од Струмица и од ТППЕ Струмица се на терен и го гаснат пожарот. Зафатена е ретка дабова шума со тревна вегетација во приватна сопственост со површина од над 3 хектари.

Новото име може да се најде во учебниците следната школска година

SlobodnaEvropa.mk 

Постои можност во следната школска година во учебниците да биде внесено новото уставно име Република Северна Македонија , но само доколку ставовите се усогласат на паритетна основа и доколку роковите за новата учебна година и наставните програми го овозможуваат тоа, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Но, како што вели во моментов не може точно и прецизно да се каже дали тоа ќе се случи во новата учебна година. Претходно вклучување на новото име „Северна Македонија“ и во грчките учебници... Читать дальше...

Мицкоски на средба со Жбогар

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Александар Николоски, денеска се сретнале со евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тие разговарале за актуелната политичка ситуација, за реформите поврзани со обвинителството и за потребата за фер услови за демократски избори. Мицкоски искажал загриженост за политизираноста на правосудниот систем, на општеството и за поделбите, кои според него, ги прави власта.Тој го запознал Жбогар и со амандманите кои партијата ги има... Читать дальше...

Рохани вети дека ќе ги обештетат погодените од поплавите

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот претседател Хасан Рохани вети дека ќе ги обештатат сите погодени во поплавите во кои загинаа 26 луѓе. Тој ги опиша поплавите како „невидени“. Рохани придружуван од неколку министри го посети погодениот регион Голестан. Властите потврдија дека во поплавите загинале 26 луѓе, а стотици се повредени. Рохани вели дека се погодени 25 од вкупно 31 иранска провинција, и дека катастрофата ги надмината капацитетите на итните служби во некои области.

Хороскоп и политика - Како работеле лажните Фејсбук профили од Македонија и Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Лажните профили од Македонија и од Косово, кои Фејсбук вчера соопшти дека ги отстранил, работеле по иста шема како и оние од Русија и од Иран, но безбедносниот тим на Фејсбук не открил врска меѓу нив

 Заев – Која: Сите учесници да преземат одговороност за кристално чисти избори

SlobodnaEvropa.mk 

За актуелни теми со фокус на претседателските избори разговарале партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев и делегација на ОБСЕ предводена од Шефот на мисијата во земјава, амбасадорот Клеменс Која. Двете делегации заклучиле дека на претстојните претседателски избори сите учесници треба да покажат демократска зрелост и одговорност пред државата, за граѓаните слободно да го искористат своето правото на глас, а изборите да бидат фер и регуларни. Мисијата на ОБСЕ е веќе активно вклучена... Читать дальше...

Хан ќе ги посети Сараево и Белград за да разговара за реформите

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан утре ќе гo посети Сараево, а ден потоа и Белград и со тамошните власти ќе разговара за напредокот во реформите потребни за интеграција во ЕУ,соопштија од неговиот кабинет. При посетата на Босна и Херцеговина Хан и неговите соговорници од политичкиот врв и од граѓанскиот сектор ќе разговараат за состојбата на социо-економските реформи кои земјата се заложи дека ќе ги направи за да напредува кон ЕУ, информираа од Кабинетот на Хан. Следниот ден во Белград... Читать дальше...

Трета шанса за решение за СЈО

SlobodnaEvropa.mk 

Партиските работни групи кои треба да изнајдат решение за статусот на Специјалното јавно обвинителство ќе се сретнаа утре во 18 часот во Министерството за правда. Тоа ќе биде трет обид да се постигне согласност за Законот за јавно обвинителство, кој го опфаќа и СЈО. Минатата средба траеше кусо време, а претставниците на двете стани се изјаснија дека остануваат на своите ставови. За време на вчерашниот ТВ дуел премиерот Зоран Заев рече дека ќе прифати сè што не подразбира заштита на криминал, а на Фејсбук... Читать дальше...

Годишен извештај на омбудсманот: Граѓаните најмалку му веруваат на судството

SlobodnaEvropa.mk 

Во годишниот извештај на Народниот правобранител се наведува дека во измината година граѓаните искажале најголема недоверба кон судската власт. Генерална забелешка е дека неоправдано биле одложувани постапките, а во многу случаи се одлучувало незаконски по барањата на граѓаните

Антикорупциска со нови случаи за судии и поранешни функционери

SlobodnaEvropa.mk 

Државната антикорупциска комисија отвори случаи против повеќе судии за злоупотреби и коруптивни дејствија. Комисијата ќе ја испитува имотната состојба на судијата од Кривичен суд Владимир Панчевски, потоа на претседателот на Врховен Суд, Јово Вангеловски, како и судијките Александра Зафировска, Светлана Костова и Софија Лаличиќ. Претседателката на Комисијата, Билјана Илиевска на денешната седница рече дека ќе се проверуваат нивните анкетни листови и изјавите за интереси врз основа на извештајот за човекови права... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *